Хотелот Ryugyong во Северна Кореја е најголемата напуштена зграда во светот

Темелите на масивниот хотел Ryugyong во Пјонгјанг се поставени уште во 1987 година, но оваа градба до денес е сè уште напуштена.

Облакодерот во форма на пирамида е висок 330 метри, а до 2017 година беше и највисока градба на Корејскиот Полуостров. Потоа беше надминат од облакодерот Lotte во Сеул, Јужна Кореја. Засега му останува титулата на највисока напуштена зграда во светот.

Осмислен е како хотел со над 3.000 соби и пет ротирачки ресторани на врвот, од каде има неверојатен поглед на целиот град.

Градењето на објектот е запрено во 2008 година, со што со години празниот хотел се надвиснува над помалите објекти околу себе. Градежните работи потоа продолжија со кратки периоди, надворешниот дел сега е прекриен со метал и стакло, додека навечер светат LED светла. Во 2018 година хотелот заживеа малку, со помош на LED светлата се прикажува четириминутна програма која ја прикажува историјата на земјата и различни политички слогани.

Хотелот е производ од тензијата меѓу Јужна и Северна Кореја, особено нагласена во периодот на Студената војна. Властите во Северна Кореја сакаа да ја докажат нивната политичка моќ и архитектонска уметност откако Сеул беше домаќин на Летните олимписки игри во 1988 година.

Хотелот требаше да биде подготвен во 1989 година за гости од странство, но тоа никогаш не се случи. Северна Кореја доживеа економски пад откако многу пари беа вложени во изградба на нов стадион и ширење на тамошниот аеродром.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе