Ако сте во фаза на слабеење и не сакате да броите калории, ви пренесуваме листа на намирници на чиј внес не треба да внимавате.
Според експертите на Gravity Transformation - Fat Loss Experts, има намирници кои нема да ве здебелат, без разлика колку ги јадете.
На пример, јајцата се богати со протеини, што ги прави храна што заситува и го забрзува метаболизмот, што значи дека не се апсорбира целата енергија бидејќи дел од калориите се согоруваат при варењето. Исто така, дивиот лосос, со помала содржина на масти, е идеален за слабеење бидејќи е богат со протеини и многу заситува.
Кои се сите намирници на списокот?
Јајца
Див лосос
Целер
Салса
Спанаќ
Супа
Пуканки
Тиквички
Карфиол
Кељ
Лубеница
Свежи краставици
Кисели краставички
Пилешки гради
Аспарагус
Печурки
Важно е да се запамети дека претерувањето со било која храна може да има негативен ефект врз здравјето, па затоа е клучно да се следи урамнотежена исхрана.