Храна што не треба да ја јадете по 20 часот ако сакате да ослабете

А.С.
/ 18.03.2025 / 09:10

Кога планираме да ослабеме, важно е да внимаваме не само на количината на храната што ја јадеме, туку и на времето на консумирање.

Иако е важно да се одржува урамнотежена исхрана во текот на денот, експертите нагласуваат дека вечерата, односно храната што ја јадеме по осум часот, може значително да влијае на процесот на слабеење.

По осум часа, телото почнува да го успорува метаболизмот, а конзумирањето одредени намирници може да го попречи согорувањето на калориите и да го насочи телото да складира маснотии. Доколку сакате да ослабете, еве три типа на храна што не треба да ги јадете после осум часот.

Храна богата со рафинирани шеќери

Рафинираните шеќери, кои се наоѓаат во многу слатки, колачи, грицки и газирани сокови, брзо го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што може да го попречи процесот на слабеење. Овие шеќери предизвикуваат скокови на инсулин, што може да доведе до складирање на маснотии, особено во абдоминалната област. Јадењето храна богата со шеќер во вечерните часови може да го зголеми апетитот, што често доведува до прејадување доцна во ноќта.

Избегнувајте грицки како чоколадо, колачи и засладувачи во пијалоците по осум часот навечер. Ако сакате нешто слатко, изберете овошје кое содржи природни шеќери, влакна и витамини, кои ќе ве заситат и ќе ви ја обезбедат потребната енергија.

Масна, пржена храна

Масната, пржена храна е богата со нездрави масти кои можат да го зголемат нивото на лошиот холестерол и да го попречат метаболизмот. Оброците богати со масти и масло го забавуваат варењето, што значи дека телото нема да може да ги согори сите внесени калории пред да заспиеме. Тешката храна може да предизвика и непријатност, лош сон и надуеност, што дополнително го попречува квалитетот на вашата ноќ и утринскиот процес на слабеење.

Не јадете пржена храна, брза храна и тешки оброци како пица, помфрит и пржено месо. Изберете лесни оброци со зеленчук, цели зрна и здрави извори на протеини како риба или пилешко. Ваквите оброци полесно се варат и нема да се мешаат во квалитетот на сонот.

Храна богата со сол

Храната која е богата со сол, како што се конзервирана храна, солени грицки и брза храна, може да предизвика задржување на течности во телото. Овој вишок течност може да доведе до надуеност и да го отежне слабеењето бидејќи телото се обидува да ја задржи водата. Високиот внес на сол може да го зголеми крвниот притисок и да предизвика несоница, што не е идеално доколку сакате квалитетен одмор и оптимално согорување на калории во текот на ноќта.

Намалете ја потрошувачката на солени грицки, готови супи и преработена храна богата со натриум. Наместо тоа, користете билки како оригано, босилек и мајчина душица за да го зачините вашиот оброк на поздрав начин. Свежо подготвените оброци овозможуваат подобра контрола врз количината на сол во исхраната.

Тагови
реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Фит

7 знаци дека најверојатно ви недостасуваат протеини

Read more

Диета со цвекло - се слабее 5 килограми за само една недела

Read more

Зошто ви е потребна пролетна фитнес „генералка“?

Read more

Колку стомачни треба да правите неделно за рамен стомак?

Read more
 

Магазин

Промени кај мачките што укажуваат на бубрежна болест

Читај повеќе

Отстранете ги дамките од маснотии од облеката со изненадувачка намирница

Читај повеќе

Често гледате порнографија? Знаете ли како тоа влијае на вашиот мозок?

Читај повеќе

Која храна помага против надуеност?

Читај повеќе
  • filter

Како да бидете центар на вниманието на Моден викенд Скопје?

Читај повеќе

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Читај повеќе

Карта на осаменоста на Европа: Луѓето сѐ повеќе се повлекуваат како што стареат

Читај повеќе

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Читај повеќе

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Читај повеќе