Малиот приватен јадрански остров Мали Космач во Хрватска, во подрачјето Сплит-Далмација, се продава за 700.000 евра, според агенцијата за недвижности цена што може да достигне и до 1 милион евра, објави загрепската телевизија N1.

Островот има површина од 5.000 квадратни метри и е во сопственост на жител на градот Винишче. Понуден е на пазарот во 2016 година. Но, продажбата е отежната поради тоа што на островот не е дозволена градба, како и тешкиот пристап до него поради острите карпи коишто го опкружуваат.
Погоден е главно за земјоделство, според условите во областа.
Хрватска има 1.244 острови и помали островчиња, од кои 66 се населени. Повеќе од 80% од островите се во државна сопственост, а останатите се во приватна сопственост.