KIA го претстави освежениот модел Rio
Освежениот модел на KIA во продажба пристигнува во третиот квартал од оваа година.
Редизајнираниот Rio има нова маска за ладилникот. Има нови куќишта за светлата во услови на магла, а главните ЛЕД светла се дел од стандардната опрема. Покрај неколку нови бои на каросеријата, тука се и новодизајнираните 16-инчни алуминиумски фелни.
Во основната понуда и понатаму останува 1,2-литарски четирицилиндричен атмосферски бензин мотор кој развива 84 коњски сили. Литарскиот турбо бензин со 100 коњски сили се нуди со нов 6-степен рачен менувач, а во понудата е и 7-степен автоматски менувач со 2 квачила.