Киднапирана белоруската опозиционерка Марија Колесникова

Неидентификувани лица во центарот на Минск ја киднапирале Марија Колесникова, лидерка на белоруските протести, и ја однеле со комбе во непознат правец, соопштија локалните медиуми повикувајќи се на очевидци.

Британските медиуми јавуваат дека соработниците на Колесникова ги проверувале овие извештаи на медиумите.

Белоруската полиција исто така ја испитува веродостојноста на информацијата, а истовремено таа денеска соопшти дека 633 лица се уапсени за време на демонстрациите што вчера се одржаа во главниот град Минск поради контроверзниот реизбор на Алјаксандр Лукашенко за претседател.

„Вчера беа приведени вкупно 633 лица за кршење на законот за масовни собири“, се наведува во соопштението на белоруското Министерство за внатрешни работи, прецизирајќи дека дури 363 од нив се притворени.

Ова е досега најмасовното апсење демонстранти од првите протести по спорните претседателски избори на 9 август.

Вчера, четврти викенд по ред, во Минск протестираа повеќе од 100.000 лица, а во градот беа распоредени и голем број полицајци и војници.

Протести имаше и во неколку други белоруски градови, особено во Гродна и Брест, во западниот дел од земјата.

Британските медиуми јавуваат дека соработниците на Колесникова ги проверуваат овие наводи на медиумите.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе