Кијану Ривс: Изгледа уште сум во брак со Винона Рајдер

Актерот Кијану Ривс во интервју за Esquire откри дека можеби уште е во брак со актерката Винона Рајдер.

„Ја изведовме целата свадбена церемонија со вистински свештеник. Винона вели дека сме во брак. Френсис Форд Копола вели дека сме. Па претпоставувам дека сме венчани пред Бога“, рече 57-годишниот актер.

Пред неколку години, актерката ги изненади обожавателите кога изјави дека таа и Ривс можеби случајно се венчале на вистинската церемонија додека го снимале филмот „Дракула“ од 1992 година, во режија на Френсис Форд Копола.

„Навистина се венчавме во ‘Дракула’. ​​Не, се колнам во Бога, мислам дека се венчавме вистински. За таа сцена, Френсис донесе вистински свештеник. Така, мислам дека сме во брак“, изјави Винона Рајдер за Entertainment Weekly во август 2018 година. Откако сфатила дека Ривс можеби ѝ е сопруг (барем во Романија), во муабет почнала да му се обраќа со „мажу“.

„Повремено добивам порака: ‘Здраво, мажу’. Не ѝ верував баш, а потоа Френсис Форд Копола, директорот на ‘Дракула’, јавно рече: ‘Да, навистина се случи така, свештеникот изврши вистинска церемонија’. Значи, изгледа сум во брак со Винона“, изјави актерот.

Копола ја потврди теоријата на актерката, за The Guardian дека свештеникот извршил „прилично автентична“ церемонија.

„Значи, на некој начин, кога го завршивме снимањето, сфативме дека Кијану и Винона навистина се венчаа како резултат на оваа сцена“, рече тој во август 2018 година.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Филм & ТВ

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе