Ким му одговори на Путин: Нашето пријателство и понатаму ќе се развива

Б.С.Б.
/ 16.08.2022 / 08:48

Рускиот претседател Владимир Путин му испрати писмо на Ким Џонг Ун во кое го повика на „проширување на сеопфатната и конструктивна соработка“. Објавено е што му порача севернокорејскиот лидер на рускиот претседател.

По повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја, Владимир Путин му испрати писмо на Ким во кое наведе дека „подобрите односи меѓу двете земји би помогнале во засилување на безбедноста и стабилноста на Корејскиот Полуостров и на целиот регион на североисточна Азија“.

Одговарајќи на писмото, Ким Џонг Ун истакна дека пријателството меѓу двете нации е зацврстено во Втората светска војна, со победата над Јапонија.

„Нашето пријателство и понатаму ќе се развива и ќе зацврстува. Стратешката и тактичка соработка, поддршката и солидарноста меѓу двете земји се поставени високо и во заеднички фронт, фрустрирајќи ги непријателските нации, нивните воени закани и провокации“, наведе Ким Џонг Ун, пренесе KCNA.

Претходно, руската новинска агенција Регнум наведе дека Северна Кореја е спремна да обезбеди работници за поправка на воените штети, но е подготвена да испрати и луѓе за борба. Тие војници би биле распоредени во Доњецкк и Луганск, кои Северна Кореја во јули ги призна како независни држави.

Рускиот експерт за одбрана Игор Коротченко за државната руска телевизија изјави дека властите не треба да се срамат и треба да ја прифатат понудата на Ким.

„Има извештаи дека 100.000 војници од Северна Кореја се спремни да дојдат да се борат. Луѓето од оваа земја се многу отпорни и не бараат многу, најважно е да се мотивирани. Не би требало да се срамиме да ја прифатиме соработката на Ким Џонг Ун. Ако Северна Кореја сака да ја исполни својата меѓународна обврска да се бори против украинските фашисти, треба да го дозволиме тоа“, смета тој.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе