Кина: Петнаесетгодишник доживеа мозочен удар по цел месец играње видеоигри без престан

Петнаесетгодишно момче итно е префрлено во болница откако паднало во несвест во својот дом во Нанинг. Детето претрпело мозочен удар поради кој раката му била парализирана, откако цел месец играл видеоигри и спиел само по два часа дневно.

Како и голем број негови врсници, момчето било затворено дома поради коронавирусот од февруари. Неговите родители на докторите им кажале дека поголем дел од времето го минувал во својата соба, под изговор дека посетува онлајн настава, но подоцна откриле дека и дење и ноќе играл видеоигри.

Според медицински експерти од болницата, тоа било главната причина за мозочен удар кај детето, од кој му е парализирана раката.

Неврологот кој ги вршел испитувањата на родителите им кажал дека ваквата состојба е необична за толку млад човек, но веројатно е предизвикана поради нездравиот животен стил кој момчето го водело во изминатите неколку месеци.

„Главна причина е тоа што имал нередовен распоред на спиење и хранење, бидејќи не одел на училиште. Родителите премногу го толерирале неговото однесување, недостатокот на исхрана и одмор довел до намалена количина на крв и кислород во неговиот мозок и предизвикал мозочен удар“, објаснуваат докторите.

Момчето е во болница, но докторите не можат да кажат дали целосно ќе закрепне и дали воопшто ќе го врати осетот за чувство во левата рака.

Remote video URL
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Здравје

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Read more

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе