Кина попушти на притисокот на САД - престана да купува нафта од Иран

Кина престана да купува нафта од Иран откако Вашингтон ја соопшти одлуката да не ги продолжи отстапките од своите санкции за одредени земји, објави Wall Street Journal наведувајќи извор од иранската нафтена индустрија.

Според Рахим Заре, кој е член на Комисијата за економија во иранскиот Парламент, Кина, Грција, Индија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Турција (на кои претходно им беа дадени отстапки), во март купувале од Иран вкупно 1,6 милиони барели нафта дневно, но потоа прекинале со купување.

„Сите навистина ги почитуваат санкциите“, вели Заре.

Wall Street Journal потсетува дека кога кинески танкер бил наполнет со нафта во терминалот на островот Карг во Иран во средината на мај, тоа било протолкувано како знак дека Пекинг продолжува да купува сирова нафта . Меѓутоа, танкерот потоа отпловил кон Индонезија и сега е во близина на иранскиот брег, според податоците на FleetMon.

Бизнисмените во Техеран исто така забележале дека кинеските компании веќе не купуваат иранска нафта, нагласува весникот.

Иран сепак не губи надеж дека продажбата кон Кина ќе се обнови.

На осум од најголемите потрошувачи на иранска нафта им беа одобрени отстапки со кои привремено им се дозволи да продолжат да купуваат нафта од Иран. Во април, Белата куќа соопшти дека САД ќе ги укинат отстапките и ќе воведат санкции за нафтата на Иран со намера да го сведат извозот на нафта на оваа земја на нула.

САД рекоа дека осумте земји се согласиле драстично да го намалат увозот на иранска нафта.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе