Кина сака да го намали бројот на абортуси од „немедицински причини“

Кина воведува мерки насочени кон намалување на бројот на абортуси од „немедицински причини“, објавија властите денеска.

Државниот совет, исто така, соопшти дека ќе преземе мерки за да спречи несакана бременост и ќе ги поттикне мажите да ја „поделат одговорноста“ за нивна превенција.

Властите сакаат да го подобрат сексуалното образование и да го зајакнат планирањето на семејството.

Хуанг Сјаовеј, заменик -директор на Државниот национален работен комитет за жени и деца, посочува дека властите се стремат кон „темелна имплементација на родовата еднаквост“ и ги ставаат децата на прво место.

Кина веќе почна да применува строги мерки за спречување на абортуси насочени кон избор на полот на детето во Кина, каде традиционално се претпочитаат момчињата, и што доведе до полова нерамнотежа.

Следејќи ја политиката за едно дете со години за да го ограничи растот на целата популација, Кина сега се обидува да ги охрабри семејствата да имаат три, а не само две деца.

Во овој поглед, кинеските власти воведуваат мерки за финансиско олеснување на семејствата со деца.

Не беше објаснето дали новите мерки се дизајнирани да го поправат падот на наталитетот, и овој тренд е, според аналитичарите и научниците, еден од главните предизвици за социјална политика со кој Кина ќе се соочи во наредните децении.

Иако Кина останува најнаселена земја, најновиот попис покажа дека растот на населението помеѓу 2011 и 2020 година бил најбавниот од 50-тите наваму.

Се очекува бројот на населението да почне да опаѓа во период од неколку години.

Податоците од Националната здравствена комисија покажаа дека од 2014 до 2018 година, просечно се правеле 9,7 милиони абортуси годишно.

Бројот на абортуси бил 51 отсто поголем отколку во периодот од 2009 до 2013 година.

Од 2015 година, властите почнаа да ја релаксираат претходната политика за едно дете и да ги охрабрат семејствата да имаат две деца.

Податоците не наведуваат колку абортуси биле извршени од медицински причини.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе