Кина успешно клонирала три „суперкрави“

Кинеските медиуми пренесуваат дека научници од земјата успешно клонирале три „суперкрави“ кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко.

Државниот Ningxia Daily објави дека експерти од Северозападниот универзитет за земјоделска и шумарска наука и технологија клонирале раса на крави Холштајн-Фризија која потекнува од Холандија.

Овие крави можат да произведат 18 тони млеко годишно, или 100 тони млеко во текот на нивниот живот; што е речиси 1,7 пати повеќе од количината на млеко произведено од просечната крава во САД во 2021 година. Ningxia Daily пишува дека клонираните животни се родени на почетокот на оваа година. Првото од клонираните телиња е родено на 30 декември со царски рез поради неговата релативно голема големина од 56,7 килограми.

„Клонирањето суперкрави е голем чекор напред“

Научниците направиле 120 клонирани ембриони од клетките на високопродуктивните крави и ги сместиле во сурогат крава. Ѓин Јапинг, научникот кој го водеше проектот, рече дека клонирањето на „суперкравите“ е голем чекор напред бидејќи и овозможува на Кина да ги одгледува најдобрите раси „на економски изводлив начин“, пишува CNN.

„Само пет од 10.000 крави во Кина можат да произведат 100 тони млеко во својот живот, што ги прави вреден ресурс за размножување. Но понекогаш е тешко да се одреди точно за кое животно станува збор, што го отежнува нивното одгледување. Планираме да создадеме стадо во рок од две до три години од повеќе од 1.000 суперкрави за да ја намалиме зависноста на Кина од увоз на крави“, рече Ѓин.

Значителен напредок во клонирањето животни

Кина увезува дури 70% од млечните крави од странство. Во многу земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, фармерите ги вкрстуваат клоновите со конвенционалните животни за да додадат пожелни особини на генскиот базен, како што се високото производство на млеко или отпорноста на болести.

Кина постигна значителен напредок во клонирањето животни во последниве години. Во 2022 година, кинеска компанија го создаде првиот клониран арктички волк во светот, а во 2017 година, кинеските научници рекоа дека произвеле клонирани говеда со зголемена отпорност на говедска туберкулоза.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Вести

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Read more

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Read more

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Read more

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Читај повеќе

Колку би можело да чини iPhone 15?

Читај повеќе

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Читај повеќе

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Читај повеќе

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Читај повеќе

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Читај повеќе