Кина утре испраќа во вселената екипаж за изградба на вселенска станица

Кина ќе испрати три лица во вселената во својата прва мисија со екипаж по скоро пет години, како дел од амбициозниот план за завршување на вселенската станица до крајот на следната година.

Кина планира утре да го лансира вселенското летало Shenzhou-12 од Ѓиќуан во северозападната провинција Гансу, изјави денеска официјалниот претставник на кинеската вселенска агенција Ѓи Киминг.

Екипажот ќе се состои од астронаутите Ние Хаишенг (56), Љу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45), додаде тој.

Мисијата ќе ја води Ние, поранешен пилот кој ќе биде најстариот национален астронаут што отишол во вселената. Ова е негово трето патување во вселената, по мисиите Shenzhou-5 во 2003 година и Shenzhou-10 во 2013 година.

Мисијата на Shenzhou-12, што значи „Божествен брод“ ќе биде третата од вкупно 11 мисии потребни за изградба на кинеска вселенска станица.

Кина започна со изградба на вселенска станица оваа година кога кон крајот на април го лансираше во орбитата Tianhe, првиот и најголемиот од вкупно три модули.

Тричлениот екипаж треба да остане три месеци на Tianhe, што значи „Небесна хармонија“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе