Кина: Вселенските сили на САД се закана за мирот и безбедноста во вселената

Пeкинг, 23 декември 2019 година (МИА) – Кина денеска оцени дека новоформираните воени Вселенски сили на САД се „директна закана за мирот и безбедноста во вселената“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ген Шуан, изјави пред новинарите дека Кина е „длабоко загрижена поради тоа и остро се спротивставува“.

– Тие активности на САД се сериозно кршење на меѓународниот консензус за мирно користење на вселената, поткопување на глобалната стратешка рамнотежа и стабилност и претставуваат директна закана за мирот и безбедноста во вселената, изјави Ген.

Вселенската програма на Кина брзо се развива откако ја испрати својата прва мисија во вселената во 2003 година.

Во извештајот во февруари, Пентагон нагласи дека Кина и Русија почнуваат силно да развиваат технологии што можат да им овозможат да ги нарушат или уништуваат американските и сојузничките сателити во случај на криза или конфликт.

Во 2007 година, Кина изврши ненајавен ракетен напад врз еден од своите неисправни сателити, создавајќи огромна количина на вселенски остатоци.

Генг ги отфрли таквите грижи, велејќи дека тоа се неосновани контра-обвинувања кои само ги оправдаа дејствата на САД. Тој рече дека Кина е постојано против „вооружување на вселената“ и дека треба да се усогласат меѓународните договори за тоа.

- Се надеваме дека меѓународната заедница, особено големите сили, ќе усвојат претпазлив и одговорен став за да спречат просторот да стане ново бојно поле и да работиме заедно за одржување траен мир во вселената, рече тој.

Американската војска гледа на формирање на „Вселенските сили“ како одговор на потребата за поефикасно организирање на одбраната на американските интереси во вселената, особено сателитите за навигација и комуникација.

„Вселенските сили“ не се планира да испраќаат борбени трупи во вселената, ниту пак постои намера за тоа.

САД во првата година издвоија 40 милиони американски долари финансирање за тие нови сили.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе