Кинеската вакцина против COVID-19 најверојатно готова за употреба во ноември

Вакцина против коронавирус што се развива во Кина може да биде подготвена за јавна употреба уште во ноември, изјави официјален претставник поврзан со кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Кина има четири вакцини против COVID-19 во завршна фаза од клиничкото испитување.

Како што пренесуваат странските агенции, најмалку три од нив се веќе понудени на најизложените служби.

– Третата фаза се одвива непречено и вакцините може да бидат готови за јавноста во ноември и декември, рече главниот експерт за биосигурност на ЦДЦ Гвижен Ву во интервју за државната телевизија.

Ву, која рече дека не почувствувала никакви абнормални симптоми во изминатите месеци по примањето на експерименталната вакцина во април, не прецизираше за која вакцина станува збор.

Одделот на државниот фармацевтски гигант на Кинеската национална фармацевтска група (Sinofarm) и Sinovac Biotech развиваат три вакцини како дел од државната програма.

Четвртата е развиена од CanSino Biologics и нејзината употреба е одобрена во јуни кај кинеската војска.

Sinofarm соопшти дека нивната вакцина може да биде готова за јавна употреба до крајот на годината по завршувањето на испитувањето во третата фаза.

Светските производители се натпреваруваат за развој на ефикасна вакцина против вирусот од кој починаа повеќе од 925.000 луѓе.

Водечките западни производители на лекови ветија претходно овој месец дека ќе се држат до стандардите на научно истражување и ќе отфрлат каков било политички притисок за забрзување на процесот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе