Кинеските супер богаташи се збогатија за 1,5 билиони долари за време на пандемијата

Кинеските супер богати личности заработија рекордни 1,5 билиони долари во 2020 година, повеќе отколку изминатите 5 години заедно, бидејќи е-трговијата и е-игрите за време на блокирањата во пандемијата бележат пик.

Дополнителни 257 лица, исто така, се приклучија на клубот милијардери во економијата број два во светот до август, по две години намалено членство, според годишната листа на Hurun.

Во државата сега има вкупно 878 милијардери.

Во САД има 626 лица кои се на списокот на супер богати од почетокот на годината.

Извештајот открива дека во август имало околу 2.000 лица со нето вредност од над 2 милијарди јуани (300 милиони американски долари), што им дава заедничка нето вредност од 4 билиони долари.

Џек Ма, основач на Alibaba, уште еднаш се најде на врвот на листата откако неговото богатство се зголеми за неверојатни 45 проценти до 58,8 милијарди долари, бидејќи мрежните трговски фирми забележаа наплив на деловна активност заради тоа што луѓето со месеци беа со рестрикции.

По него следува Пони Ма (57,4 милијарди долари), шеф на гејмерски гигант и сопственик на Tencent со познатиот WeChat, кој заработи дополнителни 50 проценти и покрај загриженоста за изгледот на неговата фирма во САД, откако таму му се заканија забрани поради стравувања за националната безбедност.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе