Кинезите први во светот трансплантираа модифициран свински црн дроб на човек

Кинески хирурзи ја извршија првата трансплантација на свински црн дроб на човек, објавија научниците од Воено-медицинскиот универзитет Сји’ан во северозападна Кина.

Бил употребен црн дроб од минијатурна свиња, која била генетски модифицирана за да се намали ризикот од отфрлање на органот.

Откако бил вграден во телото на лице без когнитивни функции (пациент со мозочна смрт), црниот дроб успешно произведувал жолчка и одржувал стабилен проток на крв.

Научниците потоа ја следеле способноста на црниот дроб да ги извршува своите основни функции, протокот на крв и неговиот имунолошки и воспалителен одговор во следните десет дена.

Потенцијална опција за третман за пациенти со црнодробна инсуфициенција Истражувачите се надеваат дека органот во иднина би можел да се користи како потенцијален третман за пациенти со црнодробна инсуфициенција кои чекаат органи од човечки донатори.

„Црниот дроб што го зедовме од генетски модифицираната свиња функционираше многу добро во човечкото тело. Ова е големо достигнување. Оваа операција беше навистина успешна“, вели професорот Лин Ванг, автор на студијата, чии резултати се објавени во списанието Nature.

„Го следевме протокот на крв во различни вени и артерии. Сè функционираше многу добро“, рече Ванг.

Експериментот беше прекинат по десет дена на барање на членовите на семејството на пациентот.

Модифицирани шест гени

За да се подобри компатибилноста со човечкиот црн дроб и за целите на трансплантација на луѓе, научниците модифицирале шест гени. Наодите сугерираат дека таквите модифицирани црн дроб може да функционираат во човечкото тело, но потребни се дополнителни истражувања за долгорочни резултати, се вели во студијата.

Ванг изрази желба во иднина да спроведе дополнителни истражувања за луѓе кои не се прогласени за мозочни мртви, но предупреди на бројни компликации и „многу строги правила“ за такви операции.

Рафаел Матесанц, основач на шпанската национална организација за трансплантација, рече дека „ова е прв случај на трансплантација на генетски модифициран свински црн дроб во телото на мозочно мртов човек во светот“.

„Крајната цел на експериментот не беше да се изврши стандардна, вообичаена трансплантација на црн дроб, туку да се покаже дека овој тип на хируршка процедура може да користи свински црн дроб како еден вид „орган за мост“ во случаи на акутна црнодробна инсуфициенција, односно додека се чека човечки орган за конечна трансплантација“, рече тој.

Трансплантацијата на црн дроб е најефективниот начин за лекување на заболување на црниот дроб во краен стадиум, но побарувачката за донаторски органи далеку ја надминува понудата.

Свињите се сметаат за најдобар алтернативен извор на органи поради нивната компатибилност со луѓето во однос на физиолошката функција и големината.

реклама

Наука

Кој ги направил мистериозните 5.200 дупки на Андите во Перу?

Read more

Конечно знаеме како славниот „римски бетон“ го издржал тестот на времето

Read more

Дали „втората Месечина“ на Земјата е само реликвија од СССР?

Read more

Зошто не треба да го истурате талогот од кафе во одводот?

Read more
 

Гик

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Читај повеќе

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе

PlayStation 5 ги надмина во продажба сите Xbox конзоли

Читај повеќе

Google Play ќе предупредува ако некоја апликација може побрзо да ја испразни батеријата

Читај повеќе