двојно побрз од Concorde

Кинезите тестираа прототип на суперсоничен патнички авион

Кинеската компанија Space Transportation, чие седиште се наоѓа во Пекинг, објави дека успешно тестирала прототип на комерцијален транспортен авион кој може да лета со речиси двојно поголема брзина од првиот суперсоничен патнички авион во светот, легендарниот Concorde.

Компанијата Space Transportation, локално позната како Lingkong Tianxing Technology, изврши пробен лет со својот прототип на авион Yunxing. Овој авион може да лета со брзина од 4 Mach, што е околу 4.939 км/час.

Планот е сега да се изврши ново тестирање на моторот во ноември, додека суперсоничното летало со целосна големина ќе го направи својот прв лет во 2027 година.

Легендарниот Concorde ги собори сите рекорди на суперсонични патнички летови кога дебитираше и беше дизајниран и произведен од Sud Aviation, која подоцна стана дел од Aerospatiale, денешниот Airbus и British Aircraft Corporation. За Concorde сè уште се зборува како ремек-дело на воздухопловната технологија.

Concorde беше првиот суперсоничен турбомлазен авион кој влезе во служба и превезува патници преку Атлантикот со двојно поголема брзина на звукот. Користеше мотори на Rolls-Royce Olympus и можеше да достигне брзина од 2.179 км/час.

Споменатата кинеска компанија сега сака да го собори тој рекорд со воведување на комерцијален авион кој може да лета со брзина од 4 Mach. Овој авион ќе може да лета меѓу Пекинг и Њујорк за околу два часа.

Новиот прототип има уште некои интересни карактеристики, меѓу кои и можноста за вертикално полетување и слетување, како и лет на височина од 20.000 метри.

Основана во 2018 година од Јудонг Ванг, Space Transportation дизајнира и произведува системи за вселенски транспорт со цел да ги намали трошоците за истражување на вселената. Во мај 2022 година, компанијата ја заврши мисијата Yao-10, за која ја искористи ракетата Tianxing I.

реклама

Вести

Во Перу откриен древниот град Пенико, се верува дека е стар 3.500 години

Read more

Мистеријата за најстарите човечки остатоци пронајдени на Антарктикот

Read more

Што е USB кондом и зошто ви треба?

Read more

Лажни екстензии на Firefox крадат податоци

Read more
 

Гик

  • play_arrow
  • filter

Во Перу откриен древниот град Пенико, се верува дека е стар 3.500 години

Читај повеќе

Мистеријата за најстарите човечки остатоци пронајдени на Антарктикот

Читај повеќе

Што е USB кондом и зошто ви треба?

Читај повеќе

Лажни екстензии на Firefox крадат податоци

Читај повеќе

Земјата моментално е најоддалечена од Сонцето: Па зошто е толку топло?

Читај повеќе

Кина повторно пред сите во авијацијата: Тестиран прв авион направен во 3D принтер

Читај повеќе

НАСА откри нова планета со можни услови за живеење

Читај повеќе

Астрономите следат непознат објект кој можеби доаѓа од друг ѕвезден систем

Читај повеќе

Amazon користи милион роботи во своите магацини, претставен генеративен AI модел

Читај повеќе