Кире Лазаров ја промовираше автобиографијата „Секогаш на победа“

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, остави пишан бележник на својата блескава кариера, промовирајќи ја својата автобиографија под наслов „Секогаш на победа“.

На свечената промоција синоќа во скопскиот хотел „Александар Палас“, најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампиони и светски рекордер според многу параметри ја претстави својата ракометна приказна од родното Свети Николе до француски Нант пред присутните гости од кремот на македонскиот ракомет, но и воопшто од македонската сцена. Беа присутни и актуелните репрезентативци.

„Сум имал трема на спортски натпревари, но сега имам уште поголема, бидејќи сум прв македонски спортист кој одлучил искрено и со многу страст да напише автобиографија“, изјави на промоцијата македонскиот репрезентативец и актуелен селектор на националниот тим, Лазаров.

„Треба да имате храброст и многу сила да кажете некои работи што не се кажани. Сите Македонци за мене знаат многу, но во ова книга ќе прочитате многу работи и што не сте ги знаеле. Ја подготвувавме седум-осум месеци со новинарот Жика Богдановиќ и во ниеден момент не се премислив да сменам нешто суштински, стојам зад сè што сум напишал. Сметам дека книгата ќе биде интересна за сите, особено за младите“, рече Лазаров.

Во својата импозантна кариера, 41-годишниот Лазаров има освоено 1 титула во Лигата на шампионите, 3 шампионски титули во Шпанија, 5 во Унгарија, а има и вредни индивидуални признанија како најдобар стрелец на Светското првенство во 2009 година, на ЕУРО во 2012, а сè уште важи за најдобар голгетер во историјата на Лигата на шампионите.

Автобиографијата чини 499 денари.

Од март оваа година Кире Лазаров стана заштитно лице на Видеолотарија Касинос Австрија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе