Кирил Марковски, национален Вело – крос шампион: Целам кон поголеми предизвици

Првиот велосипед го добива во 2014 година, со истиот, веќе следната година учествува на првата трка на Чистилиште – Водно, на која освојува четврто место. Оттогаш продолжува да вози и освојува. Во неговото портфолио, до сега, блескаат 25 медали, од кои 11 златни и 14 од останати подиумски пласмани.

Кирил Марковски, годинешниот национален шампион во Вело – крос, со МИА го сподели своето патешествие и љубовта кон велосипедизмот, која со секој извозен километар сѐ повеќе расте.

– Најпрво почнав со ракомет, фудбал, се обидов да тренирам, видов дека тоа е малку тврдо за мене, тешко, па одлучив да се префрлам на точакот, откако вујко ми го купи првиот велосипед, раскажува Марковски за МИА.

Тренингот, вели тој, му одзема многу време од денот, посветеност и жртвување на друштво и излегувања. Најчесто тренира наутро, што порано во денот, за потоа да има време и за други активности. За овогодинешната титула вели дека е нешто што е тешко да се опише.

– Државен шампион во Вело – крос на Македонија е нешто, тешко е да се опише, за разлика од тоа што го имам направено претходно, во планинскиот велосипедизам, ова е за мене нова дисциплина, нов успех, и ќе гледам и понатаму да ја сочувам титулата државен шампион, споделува Марковски.

Рекреативно започнува во 2015 година, на 17-годишна возраст, истата година, се впушта во водите на професионалниот велосипедизам и само една година подоцна ја освојува титулата државен шампион во планински велосипедизам во категорија Јуниори.

– Тоа за мене е најважна трка, после оваа со Вело – крос, што ја освоив последно, нормално, целам на некои поголеми тури и трки, предизвици за себе, вели Марковски.

Марковски смета дека во моментов нема простор за просперитет во овој спорт кај нас, меѓутоа, се надева дека во блиска иднина нешто ќе се подобри во велосипедизмот во Македонија и дека ќе се инвестира во него.

Кога не е на велосипед, Кирил е со другарите во парк, најчесто гледа и фудбал. Особено ги сака натпреварите на Интер а приватно работи и сервис на велосипеди. Најубаво место за возење велосипед во Македонија, според него, е Источна Македонија, најубаво друштво, како што вели, се неговите пријатели кои рекреативно се „на точак“.

Дополнува дека најмногу го изморуваат рамните трки каде што се трка со професионалци, додека, пак, најмногу му одговараат, ридско – планинските терени, бидејќи, како што вели, таква му е конституцијата на телото.

– Најдолгата трка ми беше низ Албанија, етапна трка што траеше четири дена, а најдолг тренинг, тоа беше и предизвик за мене, кога возев 24 часа на велосипед, 600 километри поминав и мислам дека тоа не е врвот туку може и повеќе да се извози, заклучува Марковски.

Remote video URL

ВФМ: Јаки клубови се предуслов за добра репрезентација, конкуренцијата во последниве години е во пораст

Како Кирил Марковски има многу „на точак“ кои возат кон успеси, зад нив стојат клубовите и Велосипедската федерација на Македонија, која има богат меѓународен календар во друмски и планински велосипедизам. Оттаму велат дека постои голем интерес за велосипедизмот и истиот сразмерно  го зголемува и бројот на лиценцирани велосипедисти кои учествуваат на натпреварите на ВФМ.

– ВФМ има Развојна програма во друмски велосипедизам, обезбедени се велосипеди и спортска опрема која е дадена на клубовите за работа со велосипедисти под 15 години. Од оваа програма, која трае неколку години, имаме актуелни репрезентативци кои се едуцирани спортисти на кои првите меѓународни настапи не им се во репрезентативен дрес, тие имаат клупски меѓународни настапи од кои се враќаат со медали, велат од ВФМ за МИА.

Во изминативе сезони, дополнуваат, медали од меѓународни натпревари се освоени во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција, од неколку клуба кои настапуваат на меѓународни натпревари.

– Со успех и висок резултат се настапите на Светски, Европски првенства и Евротур трки, на официјалните рејтинг листи, историски сме најдобро рангирани како земја во изминативе години. Минатата година во правец на развој на планинскиот велосипедизам е формирана нова категорија под 15 години која е доста масовна, споделуваат од федерацијата.

Како еден од предизвиците со кои се соочува велосипедизмот кај нас, го истакнуваат фактот што тренинзите во друмски велосипедизам се одвиваат во услови на редовен сообраќај, што е исклучително тешка обврска на клубовите кои работат со мали возрасни категории.

– Клубовите се основните форми на организирање на велосипедизмот, во зависност од организираноста и амбициозноста на клубот е реализацијата на програмата на истиот, ова многу значи за развојот на спортистите, посочуваат од ВФМ.

Дополнуваат дека меѓународна активност кај нас имаат неколку клубови. На рангирани меѓународни натпревари може да се настапи како клуб или репрезентација.

–  ВФМ има богат меѓународен календар во друмски и планински велосипедизам, во континуитет подолг период настапуваме на Светски, Европски, Балкански првенства, рангирани УЦИ натпревари и регионални натпревари.  Наши клубови, исто така, настапуваат на УЦИ меѓународни натпревари. Во програмата на ВФМ се меѓународни натпревари за сениори, јуниори и кадети, тоа се реномирани натпревари, настаните кои немаат категоризација не се опфатени, со намера за поквалитетни натпревари, ние организираме натпревари на кои доаѓаат клубови од соседни држави, раскажуваат од ВФМ.

Од нив дознаваме дека Лига системот на натпревари на ВФМ е составен од три дисциплини во седум возрасни категории, за трите категории се изготвуваат екипни и поединечни ранг листи: друмски велосипедизам, планински велосипедизам и вело – крос. Натпреварите се поделени во државни првенства, КУП натпревари, меѓународни натпревари и натпревари за ранг-листа. Во календарот на натпревари на ВФМ има повеќе од дваесет натпревари, пет државни првенства и КУП натпревари. За организација на натпревар потребно е клубот да пријави натпревар кој ќе биде дел од календарот на ВФМ, натпреварите се во организација на ВФМ со техничка поддршка од клубовите.

Автор: Ангела Рајчевска
Видео: Андреј Бранковиќ

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Интервју

Дарија Андовска, деканка на ФМУ: Интелектуалецот треба и мора да биде општествено ангажиран

Read more

Монументалната архитектура како уметничка скулптура низ објективот на Ерина Богоева

Read more

Надија Реброња: Во Скопје се шета по ритамот на музиката на уличните музичари, а низ Вардар тече поезија

Read more

Ерина Богоева: Ако се спасиме себе си, тогаш сме на чекор поблиску да го спасиме и светот

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе
  • filter

Се продава легендарното BMW M1, проценето е до 500.000 евра

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе
  • filter

28 март 1939, завршила Шпанската граѓанска војна

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе