Клековски: Денес стигнува тим од Британија, ќе подготвува рехабилитација за пациентите кога ќе почнат да се враќаат од странство

Лекувањето на повредните во пожарот во Кочани не е битка од 72 часа, туку процес што ќе трае со недели или месеци, рече денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Здравствените власти почнуваат подготовки за следните фази неопходни за лекување на сите повредени.

„Денеска, ќе пристигне тим од Британија, кој ќе треба да ни помогне да се подготвиме за следната фаза – рехабилитација на пациентите. Веќе мора да размислуваме еден-два чекора понатаму, кога ќе почнат пациентите да се враќаат во Македонија“, рече директорот Клековски.

Според последните информации што попладнево ги сподели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во болниците во земјата се лекуваат 93 повредени, а 80 пациенти се транспортирани на лекување во странство, односно во Србија, Бугарија, Турција, Грција, Австрија, Литванија, Словенија, Унгарија и Хрватска.

Директорот Клековски вели дека некои од пациентите ќе треба да бидат згрижувани на многу долг период бидејќи има пациенти со значителни оштетувања.

Ниеден пациент, нагласува Клековски, не треба да почувствува дека му е скратено правото на лекување во странство оти конзилиум од лекари од скопските клиники секојдневно ги следи пациентите што се во нашите болници и носи одлуки за пренесување во други болници во зависност од состојбата.

За пациентите сместени во нашите болници, покрај нашите лекари, се грижи и тим од лекари од српската ВМА, кој денес мора да се повлече оти во нивните болници се зголеми бројот на наши пациенти, но остануваат тимовите од Чешка и Израел, кои оцениле дека Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“ ги исполнуваат сите услови за соодветен третман на пациентите.

реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Македонија

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Read more

Без струја денеска делови од Центар и Аеродром

Read more

Сончево време со температури до 10°C

Read more

Наташа Бошкова, Јордан Апостолски и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Read more
 

Вести

Charlie Hebdo на удар поради карикатура за пожарот во Швајцарија

Читај повеќе

Франција ќе отвори конзулат во Гренланд

Читај повеќе

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Читај повеќе

Без струја денеска делови од Центар и Аеродром

Читај повеќе

Сончево време со температури до 10°C

Читај повеќе

Русија: Нема да се откажеме од венецуелската нафта

Читај повеќе

Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епстин пред Конгресот

Читај повеќе

Наташа Бошкова, Јордан Апостолски и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Читај повеќе

Трамп им порача на иранските демонстранти: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа

Читај повеќе