ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Клоп: Атлетико е добро подмачкана машина која знае да игра на резултат

Јирген Клоп како бранител на тронот доаѓа во Мадрид на пресметка со незгодниот Атлетико и тактичко надмудрување со Диего Симеоне.

„Ова е еден од најтешките предизвици во животот на еден фудбалер. Атлетико е добро организиран тим, добро подмачкана машина која е неверојатна кога е потребно да се одигра на резултат. Сега се во период на транзиција, тоа е нормално, но се борат со сѐ што имаат. Ќе биде навистина тешко“, вели Клоп.

Лани, Клоп на Ливерпул му ја донесе шестата титула во Лигата на шампиони, а и ова асезона е еден од главните фаворити.

„Убаво е кога си во финалето, особено и ако го победиш. Ние се гледаме самите себе како тим кој може да игра финалиња, како тим кој може да освојува натпреварувања. Но, не сме единствен таков, туку еден од таквите“

Гостинскиот терен за германскиот стартег не претставува проблем бидејќи, како што вели, неговиот Ливерпул има доста натпревари одиграно на високо ниво токму во гости.

„Некои од нашите најдобри натпревари (во ЛШ) беа на гости. Баерн на гости беше еден од најдобрите натпревари на кои сум бил сведок. И Барселона исто, иако загубивме. Ние сме вистинска закана, но тоа тоа не значи дека и вечерва ќе биде така“.

„Ако постои тим против кој мораш да одигран на твоето најапсолутно ниво, тоа е Атлетико. Едноставно, тие не ти подаруваат ништо. Ако работиш најнапорно што кожеш, ќе имаш шанса. Ако не го направиш тоа, немаш никаква шанса“.

Атлетико и Ливерпул во Лигата на шампионите имаат играно само 4 пати и тоа последен пат во групната фаза од сезоната 2008/09 кога двата натпревара завршија 1:1. Ниту еден тим не е истиот како тогаш. Пред две години играа на пријателскиот Ауди куп и тоа е единствената пресметка на Клоп и Симеоне.

„Атлетико нема играно против тим како нас. Не смееме да го заборавиме тоа. Ние сме добро организирани, играме фудбал, имаме различни аспекти на игра. Не се чувствуваме како лански победните на Лигата на шампионите, туку како едни од претендентите за оваа година. Сакаме да бидеме во Истанбул“.

Вечерашниот дуел ќе биде и пресметка на двајца прилично емотивни тренери кои еден крај друг ќе диригираат крај аут линијата. Сепак, Клоп признава дека во емотивноста на Симеоне не му е рамен.

„Луѓето велат дека сум емотивен крај аут линијата, но кога станува збор за тоа јас сум само четврто ниво, а Симеоне е 12-то. Јас сум уште во градинка споредено со него“, се смее Клоп.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе