Со вчерашниот пораз од Ливерпул, Милан се збогува од ЛШ, а италијанските медиуми денеска го анализираат поразот од сите агли. Под лупа се сите настапи на играчите на Милан, а италијанските новинари го критикуваат и Златан Ибрахимовиќ.
La Gazzetta dello Sport во текст под наслов „Ѓаволот е бесен“ пишува како италијанскиот клуб треба да поработи на тоа да се врати меѓу европските великани.
Што се однесува до Ибрахимовиќ, неговиот настап доби оценка 5.
„Златан беше на минимум по изведување и ставот“, стои во образложението на оценката.
Сепак, тренерот на Ливерпул има поинакво мислење.
„Мора да бидете луди како него за да играте на таа возраст. Ние се браневме добро и тој беше во тешка ситуација, но го почитувам многу, Ибра е голем шампион“, рече Клоп.