УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Клоп: Лошиот напад е наш заштитен знак сезонава

Ливерпул синоќа одигра без голови на реваншот со Реал Мадрид и не успеа да ја надокнади негативата. Според германскиот стратег, елиминацијата е поради потфрлувањето на првиот натпревар.

Кралскиот клуб со 3:1 славеше на првиот натпревар во Мадрид, разлика која „Црвените“ синоќа не успеаја ни да ја начнат, а камо ли да ја надокнадат.

Ливерпул не постигна ниту еден гол иако имаше шанси, но нападот едноставно не беше на висина на задачата.

„Лошата завршница на шансите некако е наш заштитен знак сезонава. Имавме куп натпревари кои требаше да ги победиме. Знаеме колку пати Мо Салах постигнувал гол со затворени очи. Но, тоа не беше случај сега“, вели Јирген Клоп.

Тој е задоволен од играта на неговите избраници, но не и од заврпницата во нападот.

„Играта, генерално, беше добра. Одигравме доста добро и имавме одлични шанси на почетокот од натпреварот. Да искористевме барем една, ќе го отворевме натпреварот. Но, треба да се користат овие клучни моменти. Дали и кога не е важно. Не дадовме гол и потоа искуството на Реал Мадрид си го направи своето. Не го загубивме двобојот сега, го загубивме во Мадрид“, смета тој.

Ливерпул испадна од Лигата на шампионите, а ризикува наредната сезона да не игра во ова натпреварување. Во Премиер лигата е на 6. место и се бори да се најде помеѓу првите четири. По лошата серија, сега имаат три победи во низа.

„Испаѓањето нема негативно да ни влијае. Го обожаваме ова натпреварување и поради најразлични причини е многу важно за овој клуб“, заврши германскиот стратег.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе