Клоп: Не ми дозволија да го посетам Бекер во затвор

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откри дека британските власти не му дозволиле да го посети легендарниот тенисер Борис Бекер во затвор.

Пред два дена, во своето прво интервју по седум и пол месеци поминати во британски затвор, Бекер зборуваше за тоа како ги поминал деновите.

Тој беше осуден на две и пол години затвор во април, но беше ослободен на 15 декември, а потоа депортиран во Германија. Бекер зборуваше за поддршката што ја добил од Јирген Клоп.

„Тој е идол на моето детство и младост. Се запознавме на Вимблдон пред седум години. Мојата сопруга го организираше тоа. Знаеше дека сакам да го запознаам. Ја следев неговата кариера и бев негов голем обожавател. Останавме во контакт“, изјави Клоп.

Стратегот на Ливерпул истакна дека неколку пати телефонски разговарал со Бекер.

„Ми беше важно да знае дека сум со него. За жал, не можев да го посетам бидејќи локалните власти ми објаснија дека тоа е преголем ризик. Тоа сега не е важно, единствено важно е Бекер повторно да биде слободен“, додаде германскиот стручњак.

Клоп изјави дека би сакал да го види Бекер на натпреварите на Ливерпул.

„Сега нека се одмори, и секогаш е добредојден во Ливерпул доколку сака да гледа натпревар на нашиот тим, иако навива за други клубови. Му посакувам здравје и среќа“, заврши Клоп.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Read more

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе