Фудбал
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Клоп: Ништо не е решено

19. февруари 2020 - 8:48 | МИА/КАЈГАНА

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по поразот од Атлетико во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, рече дека е задоволен од играта на неговиот тим и дека во реваншот ќе се решава победникот.

„Не требаше ова да се случи, но се случи. Добивме битка како што очекувавме и атмосфера како што очекувавме. Ми се допаднаа многу аспекти на играта. Првото полувреме го доби противникот, во второто полувреме игравме како на свој терен. Атлетико се бранеше со сите сили, нивната одбрана беше неверојатна. Имаме реванш на свој терен. Ништо не е готово“, изјави Клоп.

Ливерпул кој го брани трофејот во елитното натпреварување, синоќа загуби со 1:0. Реваншот е закажан за 11 март. 

Коментирај