УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Клоп: Одигравме одлична партија

Јорген Клоп изминативе денови испраќаше само пофалби до противникот, порачувајќи дека по играта се едни од најдобрите на Стариот континент. Сепак, неговиот тим синоќа победи со 5:0 на гостување во Бергамо декласирајќи ја Аталанта.

„Сѐ што кажав за Аталанта пред натпреварот е 100 проценти вистина, тоа е она што го мислам. Долго време се занимавам со оваа професија за да познаат кога некој тим игра добар фудбал и може на било кого да му направи проблеми. Тоа не се промени и покрај резултатот“, рече Клоп.

Ливерпул на полувреме замина со два гола предност, а во првите десетина минути по паузата одигра фуриозно постигнувајќи три гола.

„Одигравме одлична партија против тим кој ни создаде проблеми. Бевме навистина одлични, го обравме сиот плод од нашиот потенцијал“, смета тој.

Диогу Жота постигнува еден од головите

Иако резултатот гласи 0:5, Аталанта воопшто не беше во подредена улога. „Деа“ имаше шанси, но едноставно на гостинскиот гол расположен беше голманот Алисон кој во неколку наврати одлично одбрани.

„И нашата одбрана одигра на високо ниво, едноставно фудбалот кој го игравме беше одличен. Постогнавме многу голови, можевме да дадеме и уште, но и Алисон имаше работа. Направи три паради. Генерално, задоволен сум од она што моите играчи го прикажаа“, заврши германскиот стартег.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе