ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Клоп: Сѐ уште не сме шампиони, ќе мора да се потрудиме за тоа

Само две победи го делат германскиот стратег од триумф во Премиер лигата со Ливерпул, но и за тие ќе треба фудбалерите да ги испотат дресовите.

„Знаеме дека сме блиску, но блиску сепак не значи дека сме таму. Има уште 27 бодови во игра и ќе се обидеме да ги освоиме сите. Сѐ уште не сме шампиони. Треба да играме уште натпревари и да победуваме“, вели Клоп во интервју за BBC Sport.

На Ливерпул му се потребни само две победи во последните 9 натпревари за да ја освои титулата. Нормално, „Црвените“ ќе се обидат тоа да го направат уште во првите две кола против Евертон и Кристал Палас, но Клоп смета дека дури и при такво сценарио не смее да има опуштање.

„Не сакаме да престанеме да победуваме по два натпревара, или како и да е. Не гледам резултати напишани во ѕвездите, мора да работиме напорно“, смета Германецот.

Поради специфичните околности, прославата на долгоочекуваната титула, прва по онаа во сезоната 1989/90, многу веројатно нема да биде „нормална“.

„Доколку станеме шампиони, каква прослава и да е возможна, ќе ја направиме како тим, но интерно, а со нашите навивачи ќе прославиме во моментот кога тоа ќе ни биде дозволено“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе