Клоп удри по играчите за поразот од Саутемптон

Стратегот на Ливерпул е крајно незадоволен од прикажанато на своите играчи кои синоќа загубија минимално на гостувањето во Саутемптон.

Раниот гол на Дани Ингс постигнат уште во 2. минута го реши натпреварот бидејќи до крајот актуелниот шампион не успеа да го најде патот до мрежата на голманот Фрејзер Форстер кој немаше ни многу работа бидејќи фудбалерите на Клоп само двапати го примораа да интервенира.

„Почетокот на натпреварот најмногу ме вознемири. Не само примениот гол, туку играта генерално. Честитки до Саутемптон, заслужија. Совршено добро знаевме што да очекуваме од противникот, не можеше да нѐ изненадат, а сепак бевме изненадени. Како игравме на почетокот, каде губевме топки, не е некоја наука за да се види. Требаше многу подобро да одиграме, а ние препуштивме сè во рацете на противникот“, изјави Клоп за BBC.

„Едноставно не бевме добри. Тоа се случува кога немаш моментум. Требаше и мораше да направиме многу повеќе шанси. Мане требаше да добие пенал, а имаше и игра со рака. Не е изговор за очајната игра, туку дека може да се освои бод кога ти е дадена шанса. Сега мора да покажеме дека знаеме да се издигнеме“, смета Клоп.

Remote video URL

Ова беше само втор пораз за Ливерпул сезонава кој сѐ уште е прв, но има исто бодови како и Манчестер Јунајтед кој има и натпревар помалку, а, интересно, разликата помеѓу Ливерпул и седмопласираниот Евертон е само 4 бодови.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе