Клубот на Даку најави казна по пцовките кон Македонците на ЕУРО

Репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку ќе биде казнет од неговиот клуб Рубин поради навредите за Србија и Македонија изречени по натпреварот против Хрватска (2:2) во второто коло на Европското првенство во Германија.

Соопштението на клубот го пренесуваме во целост:

„По натпреварот на ЕП 2024 за репрезентацијата на Албанија против Хрватска, напаѓачот Мирланд Даку упати навредливи извици. Нашиот клуб ја препознава одговорноста за ситуацијата. ФК Рубин претставува мултинационален тим и секогаш се придржува до принципите на почит и еднаквост, категорично осудувајќи ги сите форми на дискриминација и навреди на национална, верска или расна основа. По враќањето во клубот, фудбалерот ќе биде подложен на дисциплински и финансиски санкции. Ќе се одржи и информативен разговор со сите играчи на клубот за да се избегнат слични инциденти во иднина“, велат од Рубин.

Даку, роден во Гњилане, инаку фудбалер на Рубин од Казан, додека го славеше нерешениот резултат со навивачите го зеде мегафонот и извика пцовка упатена кон Македонцте.

Даку потоа се најде на удар на јавноста, побарана беше реакција и казна од УЕФА, па веројатно затоа јавно се огласи и се извини.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на оние кои нè поддржаа и во добри и во лоши моменти. Само оние кои се на терен знаат какви емоции ве носат и какво е чувството кога играте за репрезентацијата со нашето мото ‘Албанија без граници’“, напиша Даку на Instagram.

Без разлика на неговото извинување, се очекува УЕФА да реагира на срамното однесување на фудбалерот на натпреварот од ЕП.

реклама

Фудбал

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Read more

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more
 

Спорт

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Читај повеќе
  • play_arrow

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Читај повеќе

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе