Кочовски: Дојдете во Вевчани на 13 и 14 јануари, влезете во новата година испразнети од негативната енергија

Градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, денес ги повика сите оние што сакаат забава и ја почитуваат традицијата, на 13 и 14 јануари да дојдат во Вевчани за Вевчанскиот карневал 2025 година. Најави дека карневалот како на филмска лента ќе ги покаже настаните од општествено-политичкиот живот изминатава година во земјата, кај соседите и во Европа.

„Пред сѐ, во овие два дена Вевчани ви нуди многу забава. Ќе бидете растоварени од сѐ она што се случувало и ќе влезете во новата година испразнети од онаа негативна енергија. Настаните што се случуваат во Вевчани ќе ги проследите како на филмска лента, сѐ она што се случило минатите 12 месеци, со желба дека ќе влеземе во една подобра и многу попросперитетна година. Ве поканувам сите да бидете присутни во овие два карневалски дена во Вевчани, на 13 и 14 јануари. Ви посакувам многу забава и чиста мисла. Вевчанскиот карневал или го сакате или го мразите, нема средина. Сите што дошле тука или се враќаат или не се враќаат, тоа е факт. Ако влезете со чиста мисла и за забава, јас мислам дека ќе поминете прекрасни два дена“, повика градоначалникот Кочовски.

Тој потсети дека маските со кои на сатиричен начин ќе бидат прикажани настаните од изминатата година се тајна и за него и оти изборот го прават самите учесници. Очекуваат многу гости од земјата, но и од странство.

Музичката програма ќе почне на 12 јануари вечерта со настап на охриѓанецот Пајак, по него – еден од најдобрите македонски бендови „Ареа“, а околу 23 часот, како специјален гостин од регионот, ќе настапи бендот „Zabranjeno pušenje“. На 13 јануари најавени се настапи на „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани од Вевчани, а околу полноќ Перо Бели и Коки.

Министерот за култура, Зоран Љутков, рече дека Вевчанскиот карневал, и покрај предизвиците што ги имаше и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, сепак опстојува како симбол на нашата култура и нашата традиција. Рече дека годинава Вевчанскиот карневал ќе добие пари од Министерството за култура, но не кажа колку оти комисијата сѐ уште работи и не ја донела конечната одлука, која се очекува во следните 15-20 дена.

реклама

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Read more

Почина папата Франциск

Read more

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Култура

Бесплатен концерт на македонско-турско дуо во Даут Пашин Амам

Read more

Браќа Манаки објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Read more

87 дела од колекцијата на МСУ-Скопје ќе бидат изложени во Љубљана

Read more

Велигденски концерт со грандиозната Голема миса во Це-мол од генијалниот Моцарт

Read more
 

Вести

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

Читај повеќе

Опожарена површина од околу 7 хектари со трска во Охрид

Читај повеќе

Почина папата Франциск

Читај повеќе

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 кг небезбедна храна

Читај повеќе

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Читај повеќе

Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин

Читај повеќе

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Меџити: ВЛЕН ќе се менува, платформата станува партија

Читај повеќе