Овошјето се смета за една од најздравите ужини. Не само што содржи витамини и влакна, туку е нискокалорично. Но, одредено овошје, кое има повисок гликемиски индекс, може да биде опасно за дијабетичарите.

Гликемискиот индекс се користи за одредување колку брзо некоја изедена храна го зголемува нивото на гликоза во крвта. Така на пример, додека црните рибизли имаат гликемиски индекс 15, кај зрелите банани изнесува 60.
Нискиот гликемиски индекс изнесува од 0 до 55, средно високиот е од 56 до 59, додека високиот гликемиски индекс е 70 и повеќе.
„Храната со повисок гликемиски индекс може да го натера телото да се обиде да произведе бран од инсулин за да се спротивстави на јаглехидратите, а вообичаена последица од тоа е чувството на глад“, пишува Diabetes.co.uk.
За луѓето со дијабетес ова може да биде многу опасно бидејќи способноста на телото да го контролира нивото на гликоза во крвта е намалена или воопшто не постои.
Овошје со висок гликемиски индекс се банани, портокали, манго, грозје, круши, суво грозје и урми.
Овошје со низок гликемиски индекс се зрнесто овошје, сливи, киви и грејпфрут.
Намирници со низок гликемиски индекс се житарки од цело зрно, грав, леќа и други и треба да бидат дел од здравата, балансирана исхрана заедно со овошјето. Сепак, храната со висок гликемиски индекс не е нужно нездрава и не секоја храна со низок гликемиски индекс е здрава. Така на пример, лубеницата и пашканатот се намирници со висок гликемиски индекс, додека чоколадниот колач има низок.
Примери на други намирници со висок гликемиски индекс се шеќерот, слатките безалкохолни пијалаци, белиот леб, компирот и белиот ориз.