Женскиот оргазам е вечна дилема за повеќето мажи – дали е вистински или партнерката глуми, како и со кои техники да ѝ овозможат на жената вистинско задоволство.
Жените преферираат различни стимулации, се наведува во студијата објавена од истражувањето кое опфати 1.000 жени на возраст од 18 до 94 години. Тие стимулации подразбираат допирање на гениталиите, определени делови на телото, прегратки итн.
Некои жени имаат различни барања, а 41% од испитаниците преферираат специфичен вид на предигра.
Тоа значи дека нивните партнери треба да разговараат за жените за она што најмногу ги возбудува.
Од вкупниот број на испитаниците, 75% од жените се изјаснија дека стимулацијата на клиторисот е неопходна за доживување оргазам.
Само 18% од жените се изјасниле дека им е доволна само вагинална пенетрација за да доживеат оргазам.