Кои автомобили најчесто се оштетуваат во сообраќајни несреќи?

Ако купувате половен автомобил и сте склони кон одредени брендови, бидете внимателни.

Многумина не сакаат да купат користен автомобил поради бројни непознати фактори, меѓу кои едно од најважните е дали возилото учествувало во сообраќајна несреќа.

Ако купувате половен автомобил и сте склони кон одредени брендови, бидете внимателни. Подолу можете да дознаете кои автомобили најчесто во текот на нивниот животен век се учесници во сообраќајна несреќа за која е потребно барем поправка на каросеријата, а често и повеќе од тоа.

На списокот се наоѓаат пет брендови на автомобили во Европа кои имаат најголема вероојатност да бидат оштетени, се вели во извештајот составен од carVertical. Имајте на ум дека сите автомобили имаат различни карактеристики и се популарни кај различни типови на возачи.

Наспроти очекувањата, Lexus е на прво место. Автомобилите од овој бренд се сигурни, но моќни и брзи, затоа возачите често ги преценуваат своите вештини, што може да заврши со катастрофа.

Истото важи и за Jaguar, и очекувано - модели на BMW. На пример, BMW Серија 3 и Jaguar XF се релативно достапни автомобили во нивната категорија, но за многумина тие се премногу „пргави“ и обично завршуваат во судир.

Списокот изгледа вака: по Lexus на прво место, Subaru е на второ место, покажувајќи дека дури ни погон на сите тркала не може секогаш да нѐ заштити во непријатни ситуации.

Следува Jaguar на трето и BMW на четврто, а топ 5 го заокружува Dacia, чии автомобили најчесто се користат како службени и работни возила кои се постојано на пат. Затоа не е изненадувачки што често настрадуваат.

Уделот на оштетени возила во вкупниот број прегледани се движи од 40,8% (Dacia) до дури 48,1% (Lexus).

Топ 5 најмалку оштетени брендови на автомобили

И сега на ред се брендовите за кои е утврдено дека имаат најмала веројатност да бидат оштетени, барем според извештајот на carVertical.

Овие резултати покажуваат дека популарноста на брендот и карактеристиките на автомобилот влијаат на веројатноста за несреќа.

На пример, Fiat произведува само компактни возила. Групацијата PSA најчесто нуди релативно достапни автомобили чии мотори во најголем дел испорачуваат до 150 КС. Opel и Nissan се исто така во топ 5, и сите имаат удел на оштетени возила од околу 30%.

Комплетната листа на топ пет брендови со најмалку оштетени возила изгледа вака: Fiat е на прво место (28,3%), па следат Citroen (30,2%), Peugeot (31,1%), Opel (31,8%) и Nissan 32,1%.

Земји во Европа со најголем процент на оштетени автомобили

Според анализата за историјата на автомобилите во различни европски земји, лесно е да се лоцира во кои земји има најголем процент на оштетени автомобили.

Постојат разлики, но податоците јасно укажуваат дека најголем удел има во земјите кои доживеале големи социјални промени во 90-тите години на минатиот век, а после тоа тие горе-долу го сменија целиот систем на вредности, како и обрасците на однесување.

Несомнено е дека навиките и менталитетот на возачите имаат големо влијание, но останува фактот дека оние што живеат во земји со поголем бруто домашен производ (БДП) во просек можат да си дозволат понови возила, додека половните автомобили се почести во делови од Европа со пониски стандарди. од странство, кои честопати биле оштетувани.

Станува збор за речиси сите источноевропски земји кои поминаа низ социо-економска транзиција во 90-тите години. На прво место е Полска (учество на оштетени возила 44%), па следат Литванија (43,1%), Словачка (41,9%), Чешка (38,3%), Унгарија (38,2%), Романија (37, 7%), Хрватска (35,1%), Латвија (33,6%), Украина (31,6%) и Русија (29,1%)

Методологија на истражување

Извор на податоци: Истражувањето се засноваше на извештаи за историјата на автомобили, побарани од корисниците преку платформата carVertical.

Оваа платформа нормално обезбедува податоци за историјата на возилото користејќи го бројот на шасијата (VIN), кој открива информации за секоја несреќа во која учествувало возилото, потоа каква било штета, колку чинат поправките и многу повеќе.

Периодот на истражување беше од јуни 2020 до јуни 2021 година.

Анализирани беа скоро еден милион извештаи, вклучително од Полска, Романија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Хрватска, Србија, Словачка, Словенија, Русија, Белорусија, Франција, Литванија, Украина, Латвија, Италија и Германија.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе