Кои чекори треба да ги преземете ако ве допре медуза?

Уживањето во сонцето и пливањето може да го расипат медузите. Доколку се случи таа да ве допре, што ќе предизвика печење, треба да ги имате на ум овие неколку чекори.

Отровот од медуза кај луѓето предизвикува болка слична на изгореница, црвенило или плускавци на кожата, осип и оток. Доколку не се лекува, ефектот може да се спореди со изгореница, од која со месеци останува видлива промена на пигментацијата, па дури и лузна.

Треба да излезете од морето што е можно поскоро и да ја измиете изгореницата со морска вода или со солен раствор. Никогаш не треба да го плакнете со свежа вода, бидејќи тоа ќе ја влоши состојбата.

Ако имате при рака коцки мраз, завиткајте ги во крпа или пешкир и држете ги на изгореницата околу 15 минути за да го намалите отокот. Имајте на ум дека не треба да ја триете кожата со крпата или пешкирот.

Продолжете со нанесување ладни облоги во текот на остатокот од денот и заштитете ги изгорениците од сонце. На болното место нанесете крем кој содржи антихистамин или аналгетик. Ако немате крем, можете да користите и алкохолен оцет.

Отровот на некои видови медузи може да предизвика тешкотии со дишењето, повраќање или дури и губење на свеста. Дејството на отровот на австралиската морска оса (Chironex fleckeri - вид медуза) е особено опасно, бидејќи може да предизвика човечка смрт.

Remote video URL
Тагови
реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Здравје

Кардиолозите препорачуваат една кратка активност за здраво срце

Read more

8 знаци дека не внесувате доволно влакна во вашата исхрана

Read more

Две навики го поттикнуваат тивкиот убиец на стомакот

Read more

Слобода на движење: Како да се справите со болките во грбот и вратот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Дали би патувале низ Италија со „Долче Вита Ориент Експрес“?

Читај повеќе

Што ќе му донесе Цветната полна Месечина на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Што да јадете за обнова на колагенот во телото?

Читај повеќе

Кардиолозите препорачуваат една кратка активност за здраво срце

Читај повеќе

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Читај повеќе

Кој е „идеалниот“ број на сексуални партнери?

Читај повеќе

Како туристите ги уништија најубавите дестинации за одмор?

Читај повеќе

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Читај повеќе

Научниците откриja кога сме најсреќни во текот на денот и неделата

Читај повеќе