Кои е-автомобили можат да поминат најмногу километри пред да се испразни батеријата?

Tesla Model 3 Long Range беше севкупен победник. Со полна батерија, тој успеа да мине импресивни 654,9 км.

Норвешкиот авто-клуб (NAF) спроведе тест за мерење на автономијата при возење на неколку електрични модели достапни на тој пазар, возејќи ги додека не се „угасат“.

Резултатите од тестот добиени во реалните услови на возење требаше да се споредат со официјалните податоци за радиусот. Официјалните податоци инаку се добиваат врз основа на WLTP, што го одредува циклусот на возење што се користи за проценка на приближниот опсег на ЕВ.

Беа тестирани вкупно 21 автомобил, секој возеше додека не се испразни батеријата и „не се исклучи“ моторот.

Секој од тестираните автомобили се движеше по истата рута на истиот ден, со истите поставки за „климата“ за да ги минимизира потенцијалните разлики во условите за тестирање.

Тестирањето се состоеше од мешавина на возење во град, по друмски пат и автопат, како и преку планински превој, што беше фактор за промена на надморската височина.

Најмногу импресионираше BMW iX3 со кој тест-возачите возеле 556,2 км пред да застанат. Тоа е 20 проценти повеќе од проценката на WLTP или 106 км поточно.

Според податоците на NAF, од вкупно 21 тестирано возило, 18 го надминале фабрички декларираниот радиус на движење.

Трите возила што не успеаја во тоа беа Polestar 2, Citroen e-C4 и Xpeng G3, кои паднаа за 3,5, односно 12 километри.

Сепак, дури и овие три модели покажаа импресивни резултати, земајќи го предвид фактот дека циклусот на тестирање WLTP често дава оптимистички резултати што не можат да се постигнат во реалноста.

Tesla Model 3 Long Range беше севкупен победник и успеа да постигне импресивни 654,9 км. Следно беше Ford Mustang Mach-E Long Range RWD со 617,9 км или само 27 км помалку од Tesla.

NAF истакнува дека Model 3 тестираше ажурирана верзија со WLTP опсег од 614 км.

На пример, Volkswagen ID.3 успеа да помине 421 км, а неговата официјална автономија е 418 км (верзија ID.3 PRO 539 км фабрички, на тест 564 км).

Одлично помина и Hyundai Kona со официјална автономија од 484 км, додека вистинскиот радиус на тестот беше 537 км.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе