Ф'стаците се омилените јаткасти плодови на многу луѓе кои сакаат да ги грицкаат, но се знае дека се многу солени и содржат масти.

Се поставува прашањето колку често е здраво да се јадат ф'стаци, односно колку честото јадење на овој вид јаткасти плодови влијае на организмот.
Диететичарката Сара Глински за Eat This, Not That откри повеќе за тоа.
Ф'стаците имаат многу потенцијални здравствени придобивки. Иако се калорични поради нивната содржина на масти, тие се исто така богати со протеини, влакна, витамини и минерали и имаат малку заситени масти, што ги прави здрав избор како дел од урамнотежена исхрана.
Диететичарката истакнува дека јадењето ф'стаци може да помогне во контролата на шеќерот во крвта. Таа истакнува дека „систематскиот преглед и мета-анализата од 2020 година покажа дека јадењето ф'стаци е поврзано со значително намалување на нивото на шеќер во крвта на гладно и подобрувања на инсулинската чувствителност“.
Таа, исто така, истакна дека „мета-анализата од 2023 година откри дека јадењето ф'стаци може позитивно да влијае на липидните профили (масти во крвта, како холестерол и триглицериди) и може да заштити од срцеви заболувања. Поточно, тие откриле дека јадењето ф'стаци е поврзана со значително намалување на вкупниот холестерол, LDL (лошиот) холестерол и триглицеридите.
Иако ф'стаците имаат многу здравствени придобивки, постојат некои потенцијални недостатоци за кои треба да се знае.
Сами по себе, ф'стаците содржат релативно мала количина на натриум; сепак, количината на натриум што ја консумираме брзо се зголемува ако јадете повеќе од четвртина чаша.
„Можно е да се прејадете и да консумирате повеќе од една порција, затоа внимавајте на големината на порциите додека грицкате“, советува диететичарката.
Освен што се солени, ф'стаците содржат и многу калории. Глински истакнува дека „иако мастите во ф'стаците се главно моно и полинезаситени масти здрави за срцето, јадењето големи порции може значително да придонесе за вашиот дневен внес на калории“.
Исто така, оние кои имаат проблеми со бубрезите треба да внимаваат со јадењето ф'стаци.
„Ф'стаците содржат и големо количество фосфор. Иако тоа не е проблем за повеќето луѓе, прекумерното внесување на фосфор може да предизвика проблеми кај луѓето со бубрежни заболувања“, објаснува диететичарката.
Исто како и луѓето со проблеми со бубрезите, луѓето кои страдаат од синдром на нервозно дебело црево, исто така, можеби ќе сакаат да избегнуваат да јадат ф'стаци.
Овој тип на јаткасти плодови е богат со FODMAP, тип на јаглехидрати што луѓето не ги варат.
Преголемото количество на овој тип на јаглехидрати во телото останува „недопрено“, се ферментира од цревните бактерии, што доведува до формирање на гасови, надуеност и потенцијални промени во празнењето на дебелото црево.