Кои македонски олимпијци досега имаат освоено медали?

Знаеме дека борачот Ибрагимов го освои првиот медал за Македонија на ОИ, но македонски спортисти освојувале медали и за време на Југославија.

Македонските спортисти на Летните олимписки игри имаат освоено вкупно 13 медали, сметајќи го и денешниот на теквондистот Дејан Георгиевски. Тој со пласманот во финалето има загарантирано барем сребро.

Сите знаеме дека од независноста, Македонија освои само еден олимписки медал. Тоа се случи на летната Олимпијада во Сиднеј во 2000 година кога борачот Магомед Ибрагимов во категоријата борење слободен стил до 85 килограми загуби во полуфиналето, за потоа да победи во борбата за третото место. Инаку, Ибрагимов како натурализиран спортист ги бранеше боите на Македонија. Тој е роден во Русија, во Дагестан, и е етнички Авар. Четири години претходно ги бранеше боите за Азербејџан и заврши петти, исто така како натурализиран.

Тоа е првиот олимписки медал во независна Македонија и единствен сѐ до денес. Но, Македонци и претходно освојувале медали настапувајќи под југословенското знаме и тоа вкупно 11 медали од кои два златни. Прв кому му пошло од рака е голманот Благоја Видиниќ кој освои сребро на ЛОИ 1956 во Мелбурн, а четири години подоцна дојде и до златото.

Ова се сите медали на македонските олимпијци освоени за време на Југославија:

Олимписки игри 1956 во Мелбурн, Австралија
  • сребро - Благоја Видиниќ, фудбал
Олимписки игри 1960 во Рим, Италија
  • злато - Благоја Видиниќ, фудбал
Remote video URL
Олимписки игри 1976 во Монтреал, Канада
  • сребро - Благоја Георгиевски-Буштур, кошарка
  • бронза - Аце Русевски, бокс лесна категорија
Аце Русевски на третото место
Олимписки игри 1980 во Москва, Русија
  • бронза - Шабан Сејдиу, борење слободен стил лесна категорија
Олимписки игри 1984 во Лос Анџелес, САД
  • злато - Шабан Трстена, борење слободен стил суперлесна категорија
  • сребро - Реџеп Реџеповски, бокс суперлесна категорија
  • бронза - Милко Ѓуровски, фудбал
  • бронза - Шабан Сејдиу, борење слободен стил до 67 килограми
Шабан Трстена со златото
Олимписки игри 1988 во Сеул, Јужна Кореја
  • сребро - Стојна Вангеловска, кошарка
  • сребро - Шабан Трстена, борење слободен стил до 52 килограми

Медали на македонските олимпијци по независноста:

Олимписки игри 2000 во Сиднеј, Австралија
  • бронза - Магомед Ибрагимов, борење слободен стил до 85 килограми
Remote video URL
Олимписки игри 2020 во Токио, Јапонија
  • злато/сребро - Дејан Георгиевски, теквондо +80 килограми

Останува да видиме каков медал Георгиевски ќе ѝ донесе на Македонија. Неговата финална борба е денеска од 14:45 часот со директен пренос на МРТ1.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе