Кои половни автомобили имаат најмала мината километража?

Најновото истражување ја откри врската помеѓу бојата на автомобилот и километражата.

Иако боите како бела, сива и црна доминираат на пазарот на половни возила, автомобилите од овие бои не се нужно користени за долги патувања.

Најновото истражување спроведено од carVertical, компанија за автомобилски податоци, во 15 европски земји откри врска помеѓу бојата на автомобилот и километражата.

Најмногу километри поминуваат сивите автомобили

Помеѓу сите возила проверени во carVertical, сивите автомобили имаа најголема просечна километража - 167.952 км, потоа црните (166.798 км) и кафеавите (164.332 км).

Сивата боја е една од најпопуларните бои, за секој автомобил од модели од А или Б сегмент до скапи луксузни возила.

Исто така е широко прифатена како најпрактична боја за употреба во земји со различна клима. Црната исто така има значителен удел на пазарот и иако не е практична, сепак е ценета кај сите типови на возачи.

Кафеавата често се користи за премиум или луксузни автомобили кои се подобри за дневни патувања, особено надвор од градот.

„Дизел автомобилите поминуваат најмногу километри. Меѓутоа, нашето истражување доведе и до заклучок дека боите на возилата влијаат на тоа колку се користат овие автомобили“, вели Матас Бузелис, автомобилски експерт и директор за комуникации во carVertical.

Црвените и сребрените автомобили имаат најмала километража

Црвените автомобили имаат најмала километража - 152.201 км. Сребрените (155.616 км) и белите (162.344 км) возила исто така поминале помалку километри.

Црвената боја е релативно ретка боја на паркинзите и често се користи за возила кон кои повеќе се ориентирани ентузијастите.

Црвената боја е популарен избор за кабриолет, спортски возила и купе, но овие типови на автомобили не се користат толку често како караваните или теренците.

„Купувачите на половни автомобили се помалку пребирливи кога станува збор за бојата на возилото во споредба со луѓето кои купуваат нови автомобили од дилерите. Сепак, некои купувачи се фокусираат на бојата на возилото и посветуваат помалку внимание на неговата состојба. Ова не е најдобриот пристап, бидејќи лошо одржуваните автомобили може да изгледаат добро однадвор, но може да бидат скапи за поседување и одржување. Состојбата и историјата на автомобилот треба да бидат поважни за одлуката на купувачот отколку бојата или визуелниот изглед“, објаснува Бузелис.

реклама

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Read more

Преку ден сончево, попладне локален пороен дожд

Read more

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, во Прилепско нападнати пожарникари

Read more

Авто новости

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Read more

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Автомобили

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Читај повеќе

Mansory подготви два екстремни и уникатни Bugatti

Читај повеќе

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Читај повеќе

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Читај повеќе

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Читај повеќе

Повлечени Volvo XC40 возила поради ризик од пожар

Читај повеќе

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Читај повеќе

Од која земја доаѓаат најагресивните возачи?

Читај повеќе
  • filter

Како Škoda Octavia постигна екстремни 365 км/час пред 15 години?

Читај повеќе