Шест модели влегоа во потесен избор за наградата Autobest 2022, а повеќето од кандидатите се теренци/кросовери.
Жирито составено од 32 новинари од 32 европски земји ги прогласи финалистите на овогодинешниот „Best Buy“ автомобил на годината.
Тоа се Hyundai Bayon, Opel Mokka, Toyota Yaris Cross, Renault Arkana (Megane Conquest), новата Škoda Fabia и електричниот Dacia Spring.
Првите четири автомобили на листата припаѓаат на класата SUV/кросовери, што најдобро говори за актуелните трендови на европскиот пазар на автомобили, додека во потесниот круг се најде и еден исклучиво електричен модел, и тоа нискобуџетен. Покрај Dacia Spring, треба да се напомене дека и Opel Mokka е достапна со електричен погон.
За победникот, жирито ќе одлучува по уште еден циклус компаративни тестови на кандидатите, кои ќе се одржат на крајот на ноември на полигонот во близина на Виена. Името на Best Buy моделот за 2022 година ќе биде објавено во декември.
При одлучувањето ќе се оценуваат следните карактеристики: дизајн, удобност, леснотија на возење, вредност за парите и развој на продажно-сервисната мрежа.
Кој е вашиот омилен од шесте модели?
1. Hyundai Bayon
2. Opel Mokka
3. Toyota Yaris Cross
4. Renault Arkana (Megane Conquest)
5. Škoda Fabia
6. Dacia Spring EV