Кои се најчестите негативни последици кај децата воспитувани со викање?

Многу родители го користат викањето како дисциплинска метода кога се лути на своето дете или фрустрирани од некое негово однесување.

Сепак, како што објаснуваат психолозите, ова е многу лош начин на воспитување и како таков носи само негативни последици кои се видливи врз детето, како во детството, така и откако ќе порасне.

Имено, викањето најчесто е импулсивен одговор на постапките на детето, најчесто предизвикани од изненадување, шок, страв или моментален гнев. Родителите често рефлексно викаат во вакви ситуации без да размислуваат за последиците, кои според психолозите се сè само не позитивни.

Истражувањата покажуваат дека штетните ефекти од викањето може да се споредат со други видови на злоупотреба, а честото викање особено може да ја ослабне врската помеѓу родителот и детето, што доведува до одредени проблеми со приврзаноста. Според психолозите, ова може да има значително влијание врз односите на детето со другите луѓе подоцна во животот.

Покрај тоа, викањето на детето резултира со ниска самодоверба. Имено, кога доживува чести вербални напади, детето може да ги интернализира овие негативни пораки, што доведува до чувство на безвредност, ниска самодоверба и потенцијално долготрајни емоционални лузни кои можат да влијаат на неговото ментално здравје.

Децата чии родители често им викаат се исто така посклони кон агресивно однесување. Имено, многу родители не се ни свесни дека детето подоцна повторува се што ќе види со нив, без разлика дали се работи за пријатели или други луѓе што ги среќава. Истражувањата покажаа и дека овие деца имаат поголем ризик да развијат анксиозност и депресија на подоцнежна возраст.

реклама

Живот

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Read more

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Read more

Кога родителите треба да престанат да се бањаат со децата?

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе