Кои се најчестите повреди за време на секс?

Продавницата за секс играчки Love Honey направи истражување на 1.003 луѓе, кое покажа дека дури 42 отсто од луѓето доживеале барем една сексуална повреда.

Резултатите покажале дека најподложни на повреди се луѓето на возраст од 25 до 35 години, дури 66 отсто, додека жените се за 10 проиценти повеќе склони на несреќи во сексот отколку мажите.

Класичниот секс во никој случај не бил единствената причина за несреќи во спалната соба, бидејќи речиси половина од машките испитаници рекле дека доживеале повреди за време на орален секс, во споредба со само 17 проценти од жените.

Некои од најчестите повреди се истегнати мускули, повреда на грбот, алергиска реакција, повреда на анусот, хемороиди, истегнување на глуждот итн.

Во продолжение погледнете ги најчестите повреди при секс - според истражувањата:

- модринки - 33 проценти

- гребнатинки - 31 отсто

- уринарна инфекција - 29 проценти

- истегнат мускул - 25 проценти

- вагинално воспаление - 18 проценти

- повреда на грбот - 13 проценти

- алергиска реакција - девет проценти

- повреда на анусот - осум проценти

Откако ги откри најчестите сексуални повреди, сексологот Шантел Отен даде неколку совети како во иднина да избегнете вакви катастрофи во спалната соба.

Она што не е чудно, најчесто место на тие повреди е спалната соба (56 проценти), но останатите 44 проценти се очигледно разни други локации, како хотелски соби, лифтови и авионски тоалети.

Иако исто така е откриено дека луѓето се здобиваат со сексуални повреди на голем број други места, речиси секоја четвртина повреда се случува при туширање и секој петти во хотелска соба.

Што се однесува до уринарните инфекции, сексологот Шантел Отен рече дека жените можат да ги спречат со мокрење пред и после секс, бидејќи така се исфрлаат несаканите бактерии, додека мажите треба да го прават истото, но да чекаат 15 минути по сексот.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Љубов и секс

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Read more

Како да ги прифатите мааните на вашиот партнер?

Read more

Студија одговори на вечното прашање: Дали мажите и жените можат да бидат „само пријатели“?

Read more

Зошто мажите глумат оргазам?

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе