Кои се најголемите мегапроекти кои никогаш не се доградија?

Последниве децении градбите на планетава стануваа сѐ поголеми и повеличествени. Но, не сите проекти го доживеаја крајот.

Меѓу петте најголеми мегапроекти кои никогаш не се реализирале има некои чија изградба никогаш не почнала и останале само како проекти, но има и некои чија изградба е застаната.

Еден таков огромен проект е Шанјун Интернејшенл, нов град во Кина направен во европски стил чија изградба застана во 2014 година поради корупциски скандал. Компанијата која го градеше банкнотираше, па сега недовршениот град знае празен, недовршен и дом на животни скитници.

Во Лондон се планираше изградба на пешачки мост наречен Лондон Гарден Бриџ кој ќе претставува висечка зелена градина. Мостот плански е нацртан, но изградбата никогаш не започна откако стана јасно дека проценките за трошоците се далеку поголеми од планираните, а требаше да биде финансиран од донации. Во август 2017 Англичаните дефинитивно се откажаа од неговата изградба.

Откако во 2010 година на Катар му беше доделена организацијата на фудбалскиот Мундијал во 2022 година, Катарците веднаш започнаа многу проекти, меѓу кои и Доха Шарк преминот преку Заливот Доха. Пренатрупаноста на градежната индустрија во Катар ја стави Владата во позиција да мора да исфрли некои проекти, а меѓу нив се најде и грандиозниот премин. Но, за Доха Шарк има надеж бидејќи тој е само оставен за во иднина, не и откажан.

Remote video URL

Затворената Северна Кореја едно време во минатото имаше намера да прими илјадници странски туристи. За таа цел кон крајот на 80-тите беше најавена изградбата на грандиозниот хотел Рјугјон во главниот град Пјонгјанг. Пирамидалното огромно здание финансирано од СССР згасна во 1992 година кога парите секнаа поради падот на комунизмот. Денес служи како огромно рекламно пано за државната пропаганда.

Петтиот незавршен мегапроект е кинески облакодер наречен Голдин Фајненс 117. Лоциран во градот Тјенцин во североисточниот дел на Кина, облакодерот почна да се гради во 2008 година и доколку завршен треба да биде висок 596,6 метри, но изградбата запре во декември 2019.

Видео-објаснување за секој проект посебно:

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе