Автомобили

Кои се најлошите градови за возење во светот?

18. ноември 2019 - 12:57 | М.С.

Загадувањето, сообраќајниот метеж, лошата инфраструктура, агресивното однесување на возачите се само некои од факторите кои градовите ги прават добри или лоши места за возење. 

Европскиот продавач на делови за автомобили Mister Auto одлучи да спроведе истражување во кое ќе ги открие најдобрите и најлошите градови за возење ширум светот. 

Mister Auto податоците ги сортираше според три главни категории: инфраструктура, сигурност на патиштата и трошоци. Секоја категорија се истражуваше и низ други фактори како што се: број на автомобили по глава на жител, застој во сообраќајот, квалитет на јавниот превоз, агресивноста на возачите, цените на горивата и друго.

Најдобрите десет градови за возачите:

1. Калгари, Канада

2. Дубаи, ОАР

3. Отава, Канада

4. Берн, Швајцарија

5. Ел Пасо, САД

6. Ванкувер, Канада

7. Гетебург, Шведска

8. Дизелдорф, Германија

9. Базел, Швајцарија

10. Дортмунд, Германија

Најлошите десет градови за возачите:

1. Мумбаи, Индија

2. Улан Батор, Монголија

3. Калкута, Индија

4. Лагос, Нигерија

5. Карачи, Пакистан

6. Богота, Колумбија

7. Сао Пауло, Бразил

8. Мексико Сити, Мексико

9. Рио де Жанеиро, Бразил

10. Москва, Русија.

Коментирај