На неколку локации ширум светот во моментов се одвива изградба на неколку мегапроекти кои по нивното комплетирање треба да бидат величествени зданија.
Во Кина во тек е изградба на супербрз воз кој ќе достигнува брзина до 620 километри на час и со тоа ќе биде најбрзиот воз на светот. Возот е толку модерен што е двапати полесен од моментално најбзриот воз, троши многу малку и како што стојат работите голема е веројатноста негвата максимална брзина да достигнува и до неверојатно 800 километри на час.
Сите сме слушнале за црквата Саграда фамилија во Барселона. Иако нејзината изградба е почната уште во далечната 1882 година, таа и ден денес е во изградба, па мораме да ја вклучиме во оваа листа. И сѐ уште не знае кога ќе биде готова бидејќи често само некој проблем изледува и изградбата се стопира, па продолжува.
Мостот Пинтан во Кина моментално важи за најголемиот мега проект кој е во изградба. Мостот е толку голем што еден од потпорните столбови е повисок од Ајфеловата кула.