Минатиот месец Samsung ги претстави своите најнови уреди на паметни рачни часовници од серијата Galaxy Watch7, како и часовникот Galaxy Watch Ultra, чии функции за грижа на личното здравје на дневна основа и општата благосостојба овој пат се зајакната со функции напокувани од вештачка интелигенција. Galaxy AI* е повторно во центарот на вниманието и кај овие уреди.
Новите паметни часовници Galaxy Watch Ultra и серијата Galaxy Watch7 ќе ви отворат нови хоризонти за грижа за вашето здравје, каде ќе можете паралелно со своите физички активности во облик на фитнес, стандардни, рекреативни или интензивни тренинзи, да имате детален увид во вашето психо-физичко здравје, кој ќе ви го овозможат функциите со вештачка интелигенција кај овие часовници. Почнувајќи со Galaxy Watch Ultra, тој е дизајниран за перформанси од следното ниво – издражува топлина до 55 степени, функционира на надморска височино од 9.000 метри и подводен притисок од 10 АТМ, и поседива моќен процесор од 3 nm. Допирајќи ја вашата длабоко вкоренета страст за перформанси, Samsung создаде часовник со алатки напојувани со вештачка интелигенција и технологија за да ви помогне да ја пронајдете најдобрата верзија од вас кога станува збор за водење на здрав и активен живот, при тоа мерејќи го вашиот крвен притисок и пулс.
Со веќе познатиот кружен дизајн на Galaxy Watch, уредот има и нов „јастучест“ дизајн кој додава на робусноста и на неговиот визуелен впечаток. Galaxy Watch Ultra меѓу другото може да следи активности на повеќе нивоа, како што е триатлонот, каде што се следи пливање, возење велосипед и трчање. Дополнително, новиот функционален праг на моќност за возење велосипед прецизно ја мери максималната моќност на оваа активност за само четири минути користејќи FTP метрика засилена со вештачка интелигенција, дозволувајќи им на страстните велосипедисти да го откријат својот уникатен потенцијал. Galaxy Watch Ultra може да ве советува да го прилагодите интензитетот на вежбањето, врз основа на сопствените физички можности.
Чување за здравјето претставува поветеност да го правите она што е добро за вашето тело. Со новата серија Galaxy Watch7 нема само да ги следите вашите здравствени податоци, туку овој уред, благодарение на Galaxy AI, ќе ја претвори вашата статистика во функционален увид за да можете да ја пронајдете рамнотежата во вашите секојдневни навики – од доволно спиење до уживање во оброкот кој ве мами, сето тоа за да можете да бидете најдоброто јас. Серијата Galaxy Watch7 ќе ви овозможи детално следење на повеќе од 100 вежби и градење рутини со комбинирање на различни вежби, сé со цел да ги постигнете вашите цели. Исто така уредот поседува функции со кои ќе можете да ги споредувате тековните и минатите изведби на вежбите во реално време за полесно да го следите својот напредок и да останете мотивирани, како и. функција за детална „снимка“ и физичката кондиција за сеопфатно разбирање на телото.
Перформансите на новите Galaxy Watch Ultra и серијата Galaxy Watch7 не застануваат тука. Овие уреди создадени да го следат вашето здравје и поттикнуваат активниот начин на живот, се создадени според последните достигнувања и иновации во индустријата за паметни часовници. Овие уреди беспрекорно функционално, а особено и естетски се комбинираат со новите Samsung телефони на преклоп на Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, овозможувајќи ви сите овие метрики да ги имате во телефонот.
При спортските активности или секојдневното вежбање секому е важен и аудио моментот за уште поголем поттик, па така ги имаме и најновите безжични слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново комуникациско и аудио искуство, повторно благодарение на вештачката интелигенција. Серијата Galaxy Buds3 нуди подобрено носење на слушалките и интелигентен звук за да се обезбеди врвно искуство за слушање. Новиот, ултра елегантен и модерен дизајн на моделите Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro обезбедува постојана удобност и интелигентно оптимизиран звук без разлика колку долго и како ги носите слушалките. Обата модела нудат две наменски форми и тоа, Galaxy Buds3 Pro се наменети да се носат вметнати во ушниот канал за оние кои сакаат побогато звучно искуство, додека Galaxy Buds3 се отворени, за оние корисници кои сакаат да ги користат слушалките во различни средини и подолг временски период. Galaxy Buds3 Pro се опремени со напреден хардвер, за премиум аудио искуство. Тие се одликуваат со напредни двонасочни звучни единици со планарен „високотонец“ за префинет и прецизен опсег на фреквенции, како и со двојни засилувачи за кристално чист звук во движење.
Samsung Galaxy екосистемот е тука за вас, не само да ве запознае со најновите мобилни технологии, туку и вашата грижа за здравјето да ја подигне на друго ниво каде неговите уреди се ваши лични асистенти за водење поздрав живот.
* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.