Кои се придобивките доколку редовно консумирате чај?

Чајот е еден од најпопуларните пијалоци во светот, a луѓето го пијат наутро за да се расонат, пред спиење за да се смират или во текот на попладневните часови за да се релаксираат. 

Нутриционистите се согласни дека секојдневното пиење чај е добра навика од која има доста здравствени придобивки.

Затоа, не е чудно што најстарите и најдолговечни нации во светот, како на пример Јапонците, секој ден пијат чај.

Кои се придобивките доколку редовно консумирате чај?

Ќе добиете повеќе фитонутриенти

Чајот содржи различни фитохемикалии и фитонутриенти корисни за организмот.

Фитонутриентите се хранливи материи присутни во растенијата, а кои произведуваат одредена биолошка активност и помагаат во зачувување на човековото здравје на различни начини. На пример преку антиоксиданси, во борба против одредени алергии, намалување на ризикот од некои видови рак и во борбата против стареењето.

Ќе имате подобар метаболизам

Одредени чаеви се наменети за подобро функционирање на метаболизмот и негово враќање во рамнотежа. Истражувањата докажаа дека зелениот чај е особено ефикасен во овој поглед, познат по  позитивното влијание врз здравјето што е директно поврзано со регулирање на нивото на гликоза и контрола на телесната тежина.

Ќе ги намалите воспалениијата во телото

Чајот е познат по антивоспалителните својства, а тоа особено може да се почувствува ако го пиете секој ден. Зелениот и црниот чај се особено успешни во ова.

Истражувања потврдија дека својствата на зелениот и црниот чај можат да имаат огромно влијание врз намалувањето на воспалението во црвените крвни зрнца. Докажано е дека дури и кај луѓето со лупус кои консумирале зелен чај дневно во текот на 12 недели, воспалението во телото се намалило.

Почесто ќе одите во тоалет

Некои видови чаеви поттикнуваат почесто мокрење, а диуретичното дејство е особено забележливо кај чајот од глуварче, зелениот чај, чајот од јачмен и чајот од хибискус.

Диуретиците се хранливи материи кои го стимулираат излачувањето на сол и вода од телото во форма на урина.

Чајот со диуретични својства често се препорачува за луѓе со проблеми со бубрезите, дијабетес или одредени проблеми со срцето. Се препорачува ваквите чаеви да не се консумираат по 16 часот токму поради диуретичното дејство, кое инаку може да ве натера да одите во тоалет цела ноќ.

Полесно ќе ја контролирате телесната тежина

Бројни студии докажале дека секојдневното консумирање зелен чај делува врз одржувањето на здрава телесна тежина.

Учесници во истражување кое траело 12 недели, забележале значително губење на тежината и на масното ткиво во пределот на стомакот додека секојдневно пиеле зелен чај.

Причината за ваквите резултати лежи во фактот што зелениот чај го зголемува нивото на енергија, го контролира метаболизмот и помага во производството на липиди. Токму затоа зелениот чај се смета за најдобар пијалок доколку сакате да изгубите одреден  број килограми.

Тагови
реклама

Здравје

Крвната група може да влијае на ризикот од ран мозочен удар

Read more

Како пријателите ви го чуваат здравјето?

Read more

Онколог советува кои се најчесто игнорираните симптоми што укажуваат на рак

Read more

Упорната кашлицата може да му наштети на срцето - кога треба да отидете на лекар?

Read more
 

Магазин

Крвната група може да влијае на ризикот од ран мозочен удар

Читај повеќе

Зошто имаме повеќе секс во зима отколку во лето?

Читај повеќе

Како пријателите ви го чуваат здравјето?

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци се најголеми злопамтила?

Читај повеќе

Што ќе се случи во телото ако пешачите на празен стомак секој ден?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако немате секс со месеци или години

Читај повеќе
  • filter

Дубаи ќе добие хотел во форма на Месечината, проект вреден 5 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најстрашни видови ајкули

Читај повеќе
  • play_arrow

Идеја за ручек: Пикантно похувано бело месо

Читај повеќе