Кои се ставовите на домашните политичари пред 22 јуни?

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – На 22 јуни да нема вето од Софија, односно Советот за општи работи на ЕУ да донесе одлука за официјален старт на преговорите, но и ако не се постигне решение, барем да ги заокружиме дискусиите и да чекаме политичка влада во Бугарија, посакува премиерот Зоран Заев, иако не е оптимист дека до 22 јуни може да се дојде до решение со Бугарија, а со тоа и до одблокирање на процесот за почнување на преговори на Северна Македонија со ЕУ, пред сѐ поради тоа што таму во моментов има техничка Влада.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера изјави дека ставот на 26 земји членки е оти РСМ е најдоброто досие во регионот и оти преговорите мора да почнат, а секое одложување значи сериозно нарушување на кредибилитетот на процесот. Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, овој проблем и со поддршка на НАТО и со поддршка на членките на ЕУ мора да го решаваме.

Заев најави дека најверојатно в четврток во Бугарија ќе има уште една средба со претседателот Румен Радев. Потенцира дека нема дилеми за постоењето, автентичноста и потврдата на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Во интервју за МИА, Заев нагласува дека нема ниту план Б, ниту алтернатива за ЕУ, самото пристапување кон ЕУ значи европеизација на Северна Македонија. Не сакаме да бидеме членки само заради членството во ЕУ, вели тој, ние сакаме да бидеме членка заради европеизацијата на земјата која ќе се случува низ отворањата и затворањата на поглавјата и да ја донесеме Европа во Северна Македонија.

– На 11 јули имаат избори, после тоа се формира влада, политичка влада која што навистина ќе ги продолжи и најде решенија конечно, тоа можеме да го направиме и во септември, октомври, декември оваа година, важно е граѓаните да ја знаат реалноста, затоа што навистина не сме далеку, ниту е проблемот нешто посебен, јас често кажувам дека е смешен, но проблем е што нема парламент и нема политичка влада и е проблем за носење одлуки, рече премиерот во интервјуто.

Прашањето за спорот со Бугарија и почнувањето на преговорите со ЕУ од нашата страна, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се отворило на секоја од билатералните средби, и официјални и неофицијални, и на „масата“ и во ходниците, за време на одржувањето на НАТО Самитот во Брисел.

-Ова беше прашање со кое почнувавме и завршувавме. Консензусот е многу силен и во рамките на НАТО и во групата земји-членки на ЕУ дека е тоа навистина неопходно, потенцира Шекеринска, навраќајки се на изјавата на францускиот претседател Макрон кој кажа дека земјава заслужи почеток на преговорите.

Овој пат, додаде вчера Шекеринска во гостувањето на 24 Анализа, беше јасно дека Франција нема да блокира, но изјавата на Макрон не е доволна.

-Ние овој проблем и со поддршка на НАТО и со поддршка на членките на ЕУ мора да го решаваме. Тоа не значи дека треба да бидеме наивни и да мислиме дека некој друг ќе дојде со пакетчето и ќе каже „ова е решението“. Прво ние треба да бидеме најзаинтерсирани за решение, а второ, мора да бараме дополнителен ангажман и од страна на европските партнери. За нас е многу важна поддршката на Франција која ќе биде малку посуштинска да си ја одработиме и дополнително, не да зависиме од тоа дали францускиот претседател ќе има резерви околу проширувањето на ЕУ, околу нас или околу Албанија. Земјава мора да ја заврши и својата домашна задача, рече Шекеринска.

Нашиот проблем, напомена, е политички. Последниов период инвестиравме во повеќе контакти и обиди да ја заинтересираме Франција, што вроди со плод. Членството во НАТО, пак, е важниот влог за членството во ЕУ да биде достижно.

-За да побарате помош  не треба да треснете на масата. Доволно е да ги кажете своите аргументи. На Самитот беше спомнато и многу отворено дека целта на НАТО не е само пасивизирање на регионот, туку и шанса за негов напредок. Самитот изобилуваше и со коментари колку НАТО и ЕУ треба заеднички да работат, истакна министерката.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи пак, во интервју за Телма вчера информира дека денеска во собраниската Комисија ќе има можност отворено да разговара со пратениците за, како што вели, хронолошки да ги објасни активностите што се преземени сите овие месеци за да се обезбеди исчекор на европскиот пат.

Тој додаде дека ставот на 26 земји членки е оти РСМ е најдоброто досие во регионот и дека преговорите мора да почнат, а секое одложување значи сериозно нарушување на кредибилитетот на процесот.

Во разговорот појасни дека во моментот има два паралалени процеси.

– Едниот е португалскиот предлог што ги третира прашањата од прегоравачката рамка што ги оспорува Бугарија и кои се причина за процесот да биде блокиран. Вториот процес  одржување на втората меѓувладина комисија во која треба да се дефинира протоколот, односно акцискиот план кој во последно време се третира како иден патоказ, кој би бил дел од решенијата што ги предлага португалскиот предлог. Што значи патоказот го дефинираме со Република Бугарија на билатерална основа, содржината на патоказот, додека позицијата на патоказот и прашањата од преговарачката рамка ги дава португалскиот предлог, потенцира Османи.

Тој нагласи дека остануваме на ставот оти португалскиот предлог е основата за решение што се надоврзува на берлинското решение од минатата година и дека е предлог што ги исполнува просторот за компромис.

– Се обидуваме по овие патеки да работиме. Ќе имаме уште неколку дена за директни средби и разговори за да може во вторник да има одлука, рече Османи.

Според него, регионот е пред точката на губење на кредибилитетот на европската перспектива и тоа би имало сериозни последици понатаму во регионот.

– Ние немаме друга алтернатива доколку на 22 јуни не успееме да продолжиме натаму со напорите.  Тоа што го кажуваме дека контекстот понтамошен е уште повеќе компликуван. Прво затоа што Бугарија влегува во нови избори, ние влегуваме во локални, ќе има избори во големите земји членки кои се важни за процесот на проширување и тоа уште повеќе ќе го стесни просторот за решение и затоа беа сите овие напори да најдеме решение во јуни, Но ние немаме алтернатива освен да продолжиме да разговараме и да најдеме начин како да го направиме исчекорот, рече министерот за надворешни работи Османи.

Силна поддршка за неодложен старт на преговорите за нашата држава, добил и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера во Братислава, каде официјално беше отворена Амбасадата на земјава во Словачка, во присуство на министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок.

Покрај размената на мислења за билатералните односи, двајцата министри разговарале за најновите состојби, предизвиците и перспективите на процесот на нашата европска интеграција, а во светло на значајните одлуки кои претстојат за првата меѓувладина конференција и формалното започнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската унија.

И новоименуваната амбасадорка на Република Србија во нашата земја Невена Јовановиќ, која вчера имаше средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ја пренела поддршката на највисокото српско државно раководство на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија. Таа  подвлекла дека, секое одлагање на почетокот на преговори и непотребното вмешување на билатералните спорови, само го намалува кредибилитетот на Унијата, го менува јавното мислење и ја намалува широката граѓанска поддршка.

Во Атина во позитивна и пријатна клима, во претседателската палата во Атина, новоименуваната амбасадорка на земјава во Грција, Лидија Бошковска вчера ѝ ги предаде акредитивните писма на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Бошковска е првата амбасадорка на Северна Македонија во Грција, по подигнувањето на дипломатските односи меѓу двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа, со што Канцеларијата за врски во Атина прерасна во Амбасада.

Воедно таа е и првата жена амбасадор на Северна Македонија што акредитивните ѝ ги предаде на првата жена претседателка на Грција.

Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Грција пред две години разменија ноти, со кои, согласно Договорот од Преспа, се подигна нивото на Канцелариите за врски во Скопје и Атина на ниво на амбасади.

Ние сакаме добри односи со соседната земја, порача портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, но и упати повик до нашата земја целосно да го имплементира Договорот од Преспа и да избегнува активности кои би можеле да ги отежнат билатералните односи, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и понатаму бара да се обелодени, како што велат, за што преговараат со Бугарија, двоецот Заев-Бучковски.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека веќе петти ден како се случуваат протести, со цел, да видат за што се преговара.

– И многу е важно јавноста да ја знае вистината, бидејќи некако во јавноста се одомаќини зборот нов договор со Бугарија, односно со Софија, вели меѓу другото Мицкоски.

Тој изрази надеж дека нема да се премисли Бујар Османи и денеска ќе дојде во парламентот и пред пратениците отворено ќе зборува за тоа за што преговара, но, подвлече, без празни флоскули, дланката на срце, колку се тие погодени, колку се сите разочарани, тоа не треба народот да го знае.

реклама

Порно ѕвезда ги открива најголемите лаги за индустријата за возрасни

Read more

Интересни факти кои веројатно не ги знаете за машкиот оргазам

Read more

Американски дипломат дрогирал и силувал 23 девојки додека работел во амбасада во Мексико

Read more

Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци

Read more

Македонија

Собранието ги усвои измените и дополнувањето на Законот за државјанство

Read more

Усвоена Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Левица би сакала „похардкор“ варијанта

Read more

Дневен ковид биланс: 54 нови случаи oд 3.764 тестирања

Read more

Трговијата со луѓе за сексуална експлоатација е доминанта форма во Македонија

Read more
 

Вести

Пекинг регистрира прв случај на коронавирус по шест месеци

Читај повеќе

Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци

Читај повеќе

Собранието ги усвои измените и дополнувањето на Законот за државјанство

Читај повеќе

Американски дипломат дрогирал и силувал 23 девојки додека работел во амбасада во Мексико

Читај повеќе

Усвоена Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Левица би сакала „похардкор“ варијанта

Читај повеќе

Дневен ковид биланс: 54 нови случаи oд 3.764 тестирања

Читај повеќе

Вучиќ: Ништо не бараме од Македонците, само братство и пријателство

Читај повеќе

Трговијата со луѓе за сексуална експлоатација е доминанта форма во Македонија

Читај повеќе

Скопје се топи на +40°C, Брзата помош има стотина интервенции дневно

Читај повеќе