Хрватска синоќа одигра 1:1 со Италија во третото коло од групната фаза на Европското првенство, а хрватските медиуми главниот виновник го гледаат во холандскиот судија Дени Макелие.
Хрватите имаа сè во свои раце до последната секунда од натпреварот, а потоа Матија Закањи успеа да го совлада Ливаковиќ и да ги уништи соништата на хрватската репрезентација.
Хрватите не го прифаќаат фактот дека се пред елиминација од ЕП, а главниот виновник за неуспехот не го гледаат во нивните лоши игри, туку во Мекелие.
Вечерњи лист објави текст под наслов „Кој е човекот што денес го мрази цела Хрватска? Ни ги украде соништата, а ова не му е прв скандал“.
„Мора да се признае дека Макели натежнуваше за Италијанците речиси од самиот почеток на натпреварот. Ниту играњето со рака на пеналот за Хрватска во 53. минута не му беше веднаш јасно, иако тоа веднаш го виде целиот свет“, стои во текстот.
Тие наведуваат дека ова не му е прва „кардинална“ грешка, туку дека и претходно грешел, а како пример го наведоа мечот меѓу Србија и Португалија во квалификациите за Светското првенство во Катар. Тогаш го поништи победничкиот погодок за Португалија во судиското надополнување кога Стефан Митровиќ ја повлече топката зад гол линијата по ударот на Кристијано Роналдо.