Дарко Периќ e српски актер кој стана познат по улогата на Хелсинки во шпанската серија La Casa de Papel или Money Heist. Досега има глумено во многу филмови и серии како што се „A Perfect Day“, „Atresmedia“, „Crematorio“ итн.
Улогата во серијата La Casa de Papel му донесе заработка околу 55.000 долари.
По професија е ветеринар, по желба на неговите родители, но од 2000. година ја започнува својата актерска кариера. Со цел да напредува во неговата кариера, тој се преселил во Барселона во 2004 година.
Хелсинки е еден од омилените ликови во оваа популарна серија.
La Casa de Papel стана најбараната серија на стриминг сервисите ширум светот. Главните ликови се нарекуваат според градови(Токио, Рио, Берлин, Хелсинки), а тие заедно со мистериозниот Професор(Еl Profesor) кој е мозокот на операцијата, ја планираат најголемата и најсовршената кражба во историјата на Шпанија, носејќи маски со ликот на Салвадор Дали.